7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот

Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе ви се допаднат овие вежби.

7-vezhbi-za-ramen-stomak-za-koi-ne-treba-da-stanete-od-stolot-01.jpg

Сите сакаме да сме во добра форма, но малкумина се доволно мотивирани за редовно да вежбаат.

Седум вежби за рамен стомак кои можете да ги правите седнати на стол:

Прва вежба

Со оваа вежба ќе ги загреете мускулите и ќе се подготвите за остатокот од тренингот.

Седнете на работ на столот со исправен грб и поставете ги рацете на нозете.

Бавно навалете се кон назад – треба да почувствувате затегнување во стомачните мускули.

Пробајте да не се навалите целосно и останете во положбата неколку секунди.

Вратете се во првобитната положба.

Направете 10 до 12 повторувања.

7-vezhbi-za-ramen-stomak-za-koi-ne-treba-da-stanete-od-stolot-02.jpg

Втора вежба

Со оваа вежба ќе ги зајакнете страничните стомачни мускули, а со тоа половината ќе ви биде послаба.

Почетната положба е иста како и првата вежба.

Свиткајте ги рацете и ставете ги дланките зад главата, како на илустрацијата подолу.

Бавно свртете го горниот дел од телото кон десно без да го движите долниот.

Останете во истата положба неколку секунди, па свртете се кон лево.

Направете по 10 повторувања за секоја страна.

7-vezhbi-za-ramen-stomak-za-koi-ne-treba-da-stanete-od-stolot-03.jpg

Трета вежба

Оваа верзија на класичните „стомачни“ може да биде исто ефикасна ако сте упорни.

Седнете на столот со исправен грб и ставете ги дланките зад главата.

Со исправен грб бавно навалете се кон напред, па вратете се во почетната положба.

Осигурете се дека движењето ќе го изведувате само со помош на стомачните мускули.

Направете 15 повторувања.

7-vezhbi-za-ramen-stomak-za-koi-ne-treba-da-stanete-od-stolot-04.jpg

Четврта вежба

Оваа вежба ги активира предните и страничните стомачни мускули, а притоа е добра и за колковите.

Седнете на стол со исправен грб.

Кренете ја едната нога свиткана и со дланките фатете го коленото како на илустрацијата подолу.

Држете неколку секунди, па спуштете ја ногата.

Направете по 15 повторувања за секоја нога.

7-vezhbi-za-ramen-stomak-za-koi-ne-treba-da-stanete-od-stolot-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg