10 (ефикасни) трикови со кои ќе се ослободите од масните наслаги на бутовите

Преголемиот внес на сол прави вашето тело да го задржи вишокот вода, што пак предизвикува надуеност која влијае на целото тело, вклучувајќи ги и колковите и бутовите.

10-efikasni-trikovi-so-koi-kje-se-oslobodite-od-masntie-naslagi-na-butovite-01.jpg

Исто како и масните наслаги на стомакот, така и наслагите на бутовите може да бидат вистински проблем за жените. Секако дека не постои „волшебен напиток“ за да ја добиете посакуваната форма на тело, но ако доволно добро се грижите за тоа какви се вашите секојдневни навики, ќе ги согорите маснотиите и ќе се ослободите од вишокот килограми.

Следниве 10 навики нека ви бидат дел од вашата рутина:

Пијте доволно вода

Пиењето доволно вода е од суштинско значење за согорување на мастите, а исто така ви помага за исфрлање на вишокот сол и течности кои на вашето тело веќе не му се потребни.

Пиењето многу вода, особено пред оброците, ќе ви помогне да се чувствувате посити, поради што ќе изедете помалку храна.

Намалете го внесот на сол

Преголемиот внес на сол прави вашето тело да го задржи вишокот вода, што пак предизвикува надуеност која влијае на целото тело, вклучувајќи ги и колковите и бутовите.

Намалете го консумирањето на многу преработена храна која има високо количество сол.

10-nachini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-butovite-i-da-go-dobiete-posakuvaniot-izgled-na-nozete-02.jpg

Не заборавајте ги протеините

Протеините ве одржуваат сити подолго време, што ја намалува веројатноста да посегнете по слатка ужинка после оброкот, при што ќе ви помогнат во борбата со масните наслаги.

Во исхраната вклучете јаткасти плодови, лосос, пилешко или мисиркино месо, тофу, јајца, јогурт, туна и одредени видови сирења.

Електролитите од овошјето и зеленчукот се важни

Електролитите не се наоѓаат само во спортските пијалаци. Електролитите како калциум, магнезиум и калиум ги има во здравата храна која треба да ја ставите на вашето мени.

Тие ја поддржуваат хидратацијата и му помагаат на телото да произведува енергија. Банани, јогурт и темнолиснат зеленчук се одлични извори на различни електролити.

10-nachini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-butovite-i-da-go-dobiete-posakuvaniot-izgled-na-nozete-03.jpg

Внимавајте на внесот на јаглехидрати

Важно е да се запамети дека не се сите јаглехидрати еднакви. Лошите се високо преработени и не само што содржат многу шеќери, туку содржат и значително пониски хранливи материи и влакна.

Сепак, факт е дека јаглехидратите се извор број еден на храна која дава енергија, па затоа не можете целосно да ги изоставите од исхраната.

За таа цел, потребни се низа добри јаглехидрати, па почесто внесувајте интегрален ориз, овес, житарки, семки и зеленчук.

Бидете активни

Сите знаеме дека за согорување, калории мораме да бидеме активни.

Па, изведувајте вежби во домашна атмосфера или, пак, најмете професионален тренер кој ќе ве води низ целиот процес.

10-nachini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-butovite-i-da-go-dobiete-posakuvaniot-izgled-na-nozete-04.jpg

Тренирајте и зајакнете ги бутовите

И да не можете да забележите намалување на маснотиите на бутовите, важно е да ги тренирате мускулите за да бидат силни и затегнати.

Фокусирајте се на бутовите и долниот дел од телото со мешавина од повеќе вежби. Ако веќе тренирате, посветете најмалку два дена на вежбање на вашите нозе.

Поттикнете го вашиот метаболизам

Стимулирањето на метаболизмот ќе ја поттикне способноста на вашето тело да согорува масти, па затоа е од особена важност кога се обидувате да согорите масти и да ги изгубите вишокот килограми.

Па, не одложувајте го појадокот зашто тој го одржува метаболизмот во најдобрата форма.

10-nachini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-butovite-i-da-go-dobiete-posakuvaniot-izgled-na-nozete-05.jpg

Разни вежби за бутовите за максимални резултати

Иако е важно да правите специфични вежби за нозете за да ја тонирате областа на бутовите, најдобро е да не ги правите истите вежби постојано.

Различни вежби ќе активираат различна мускулна група на различни начини.

Добро планирајте си ги оброците

Добро планирајте ги и не прескокнувајте ги оброците, зашто тоа е од особена важност кога се обидувате да ги согорите маснотиите.

Направете си дневник или користете апликации кои ќе ви помогнат да останете одговорни и да стигнете до посакуваната цел.

10-nachini-kako-da-se-oslobodite-od-saloto-na-butovite-i-da-go-dobiete-posakuvaniot-izgled-na-nozete-06.jpg

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg