Стефан Спирковски за трансформацијата на телото за 60 дена: „Имаше денови кога морав да ‘запнам’“

„Имаше денови кога бев многу мотивиран, а имаше и денови кога не ми беше до ништо. Имаше и доста денови кога телото беше многу уморно. Тоа значеше дека работите што сум ги правел претходно - забава до ‘касни саати’, понекогаш пиење алкохол и недоволно спиење, требаше да се стават на минимум или воопшто и да не се прават“, вели Стефан за својата трансформација.

stefan-spirkovski-za-transformacijata-na-teloto-za-60-dena-imashe-denovi-koga-morav-da-zapnam-01_copy.jpg

Нашиот модел и фитнес инфлуенсер Стефан Спирковски, на почетокот на годината почна процес на трансформација на телото, во која му помогна нутриционистот и фитнес тренер, Ивица Јанев.

Стефан во една од првите објави по Нова година откри дека си задал предизвик да си го трансформира телото со сменет начин на исхрана, но и дека ќе продолжи да вежба.

Тој откри и дека ќе работи по програма која е специјално подготвена за него и дека со нетрпение очекува да ги види резултатите.

Два месеца подоцна, Стефан на Инстаграм објави фотографии и видеа од трансформацијата пред и потоа и раскажа за својот пат, за кој, вели, не бил нималку лесен, но тој не помислувал да се откаже.

„Ова е мојата 60-дневна трансформација, на природен начин без било какви забранети супстанци. Пред сè сакам да му се заблагодарам на Ице за целото негово знаење и труд кој го вложи во изминативе 60 дена.

Покрај тоа што беше мој тренер, беше и психолог и ментор од кого секојдновно учев многу работи, како за тренинг и исхрана, така и за mindset и бизнис.

Исто така научив дека телото бара вистински одмор и кога е ден за одмор треба целосно да се одмара, а не да имаш било какви активности, во мојот случај фудбал кој сам си го наметнав, настрана од нашиот договор и план. Сега денот за одмор го ценам многу повеќе.

Се мислам од каде да почнам… Пред сè горд сум и исполнет што дојдов до ова ниво каде што сум денес, иако сфатив и научив многу работи низ изминатиот период - дека животот не е права линија и дека треба да се избориш со многу работи за да стигнеш до целта.

stefan-spirkovski-za-transformacijata-na-teloto-za-60-dena-imashe-denovi-koga-morav-da-zapnam-03.jpg

На почетокот на овој предизвик, уште на самиот старт заболев од стомачен вирус, кој не беше ни малку за потценување бидејки ме држеше некои 4 дена без храна и тренинг. Потоа следуваа неколку дена адаптација, фаќање ритам и континуитет со вежбање и исхрана.

Имаше денови кога бев многу мотивиран, а имаше и денови кога имав многу обврски, бев многу нерасположен и не ми беше до ништо. За жал имаше и доста такви денови кога телото беше многу уморно, а јас морав целиот фокус да го насочам да стигнам до целта.

stefan-spirkovski-za-transformacijata-na-teloto-za-60-dena-imashe-denovi-koga-morav-da-zapnam-04.jpg

Тоа значеше дека работите што сум ги правел претходно - забава до ‘касни саати’, понекогаш пиење алкохол и недоволно спиење, требаше да се стават на минимум или воопшто и да не се прават.

Скоро секое утро правев кардио на гладно (скали), спремав оброци за текот на целиот ден и попладнето одев на тежински тренинг.

Во тие денови најголема поддршка добивав од Ице, мојата девојка, мојата фамилија и неколку блиски другари, меѓу кои и неколкумина од теретана кои многу добро го разбираат целиот овој процес.

stefan-spirkovski-za-transformacijata-na-teloto-za-60-dena-imashe-denovi-koga-morav-da-zapnam-02.jpg

Откако сè изгледаше супер и останаа уште 10-ина дена до крајот на овој предизвик следеше период каде требаше да ‘запнам’ најјако и да го дадам својот максимум.

Се случи повторно разболување - вирус и тоа овој пат со висока темпера и кашлица кој траеше 6 дена. Некако не сакав да се помирам со фактот дека на крајот тоа ќе ме спречи и нема да ми дозволи да го дадам својот максимум.

Продолжив со вежбање и со тоа направив поголема штета, бидејќи го пролонгирав периодот на заздравување. Одморав 3 дена од тренинг и морам да ви признаам дека тие денови воопшто не беа лесни, ама со позитивна мисла и верба во Бога успеав да оздравам и да го дадам максимумот во последните денови.

stefan-spirkovski-za-transformacijata-na-teloto-za-60-dena-imashe-denovi-koga-morav-da-zapnam-05.jpg

Фала ви на сите за поддршката која неизмерно ја добивав во целиот овој процес. Се надевам дека поттикавме многумина да почнат со вежбање и со правилна исхрана, а со тоа и да ја направат својата животна трансформација.

Ова е само почеток на мојата трансформација, одиме уште појако“, напиша тој.

По 60-те дена трансформација, Стефан се почести со дупли хамбургер и во видео што го објави на Инстаграм Стори кажа дека заслужил, иако по ова повторно ќе внимава на исхраната.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg