10 вежби за рамен стомак, за почетници (видео)

Вежба 6

Додека лежите на подот, ставете ги рацете покрај телото.

Нозете спојте ги и кренете ги под агол од 45°.

Свиткајте ги колената и повлечете ги нозете кон градите.

Потоа кренете ги нагоре, под агол од 90°, па вратете ги во првобитната положба.

10-vezhbi-za-ramen-stomak-za-pochetnici-video-06.jpg

Вежба 7

Седнете на подот, колената свиткајте ги благо и со петиците потпрете се на рамната површина.

Торзото нека ви биде малку спуштено наназад, а дланките од рацете ставете ги една врз друга.

Потоа, додека сте седнати во таква положба, почнете да го придвижите телото на левата страна, а потоа на десната.

Правете ја и оваа вежба 45 секунди.

10-vezhbi-za-ramen-stomak-za-pochetnici-video-07.jpg

Вежба 8

Поставете го телото во положба за планк, со раширени нозе.

Почнете ја вежбата така што ќе го кренете задникот нагоре, а со левата дланка ќе го допрете десното стапало.

Вратете се во првобитната положба, а потоа со десната дланка допрете го левото стапало.

10-vezhbi-za-ramen-stomak-za-pochetnici-video-08.jpg

Вежба 9

Поставете го телото во положба на планк, така што ќе се потпирате на лактите и на дланките.

Издржете ја оваа положба 45 секунди.

10-vezhbi-za-ramen-stomak-za-pochetnici-video-09.jpg

Вежба 10

Легнете на левата страна на телото и испружете ја левата рака на подот пред себе, под агол од 90°.

Кренете ја десната нога, десната рака свиткајте ја кај лактот и ставете ја покрај главата.

Додека сте во оваа положба, кревајте го торзото кон кренатата нога колку што можете повеќе.

Повторете ја вежбата, легнати спротивно на првата положба.

10-vezhbi-za-ramen-stomak-za-pochetnici-video-10.jpg

Погледнете го видеото со сите 10 вежби:

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
8 моќни вежби со кои ќе го доведете телото до совршенство до крајот на летото Ако ја пропуштивте шансата да се направите згодни до лето, тогаш искористете ги ...

Најчитани неделава