8 моќни вежби со кои ќе го доведете телото до совршенство до крајот на летото
Вежба 5
Застанете со нозете умерено споени една до друга и држете го јажето со раце во висина на колковите.
Со зглобовите вртете го јажето и скокајте со усогласено темпо истовремено со двете нозе.
Откако ќе усовршите, може да го менувате стилот на скокање и продолжете додека не го постигнете посакуваниот број на повторувања.

Вежба 6
Легнете на грб со нозете свиткани во колената, стапалата рамно поставени на подот, а рацете исправени покрај телото.
Поткренете ги стапалата и бутовите и носете ги колената кон лицето, без да го одвоите средниот и горниот дел од грбот од земја.
Задржете ја на момент оваа положба, па полека спуштете ги нозете надолу без да го допрат подот.
Повторете 10 пати за почеток, а потоа зголемувајте постепено.

Вежба 7
Легнете на стомак со дланките поставени во линија со градите.
Зацврстете го цело тело, вдишете и поткренете се за да направите склек, така што рацете ќе формираат агол од 90 степени, а грбот и нозете ќе ви бидат исправени во рамна линија.
Издишете и полека спуштајте се во почетна положба без целосно да легнете, па повторно кренете се.

Вежба 8
Застанете во кучешка положба со дланките поставени на подот во линија на рамениците и колена во ширина на колковите.
Кревајте ги бутовите наназад и нагоре, така што ќе ја задржите формата од агол под 90 степени и направете мала пауза горе.
Вратете ја ногата во почетна положба и повторете го со другата нога и наизменично повторувајте го движењето.

M. M. | Црнобело