Дали сте доволно фит? Одговорете на прашањата и дознајте.

dali-ste-dovolno-fit-odgovorete-na-prasanjata-i-doznajte

Можеби теретаната не ви треба ако го поминете овој тест за секојдневното здравје. Погледнете на колку прашања можете да одговорите со „да“.

1. Дали се чувствувате полни со енергија и по 14 часа од будењето? (Ако сте се разбудиле во 7 часот, би требало да се чувствувате будни и активни во 21 часот).
Познато е дека вежбањето ја подига енергијата и ако се чувствувате потполно „скршено“ на крајот од денот, веројатно е виновен седечкиот начин на живот.

2. Можете ли да носите големи садови (од околу три литри) со вода во секоја рака, а да не почувствувате напор?
Силата не доаѓа само од вашите бицепси, туку и од рамениците, грбот, градите, колената и сите групи на мускули кои што ве одржуваат силни кога ќе остарите. Недостатокот на сила ве прави подложни кон повреди, артритис, остеопороза па дури и деменција и депресија.

3. Можете ли да скокнете десет пати, а при тоа да не ви „излезе срцето“?
Посмирен пулс значи дека срцето помалку се напрега и дека ќе трае подолго.

4. Можете ли да се свиткате до ножните прсти додека стоите, а при тоа да не ви е непријатно?
Истегнувањето без болка е важно не само за состојбата на коските и зглобовите, како што е артритисот и остеопорозата, туку може да укаже и на други проблеми, како што е здравјето на срцето.

5. Можете ли да го подигнете стапалото до височина на колкот кога шутирате?
Уште еден пример за флексибилност и јачина. Ако имате проблеми со оваа вежба, ќе ви помогнат јогата и вежбите за истегнување.

6. Можете ли да се свртите и да погледнете зад себе, а да не ги придвижите стапалата?
Овој тест покажува добра средна јачина и флексибилност што е клучно за силен и здрав грб.

7. Можете ли да го ставите својот багаж над вашето седиште во воз или авион без да се истегнете?
Ова зборува за јачината на вашиот грб, средниот дел и нозете. Многумина кои вежбаат аеробик и ги прескокнуваат вежбите за грб како што е јогата, пилатесот и тренинзите за зајакнување, имаат послаб грб.

Како поминавте?

Ако одговоривте со „да“ на сите прашања, вие сте во добра физичка форма. А ако не? Изградете ја формата полека, со комбинација на вежби кои го нагласуваат кардиоваскуларниот фитнес, тренингот за сила и тренингот за флексибилност, што преставува тројство на фитнес вежби кои се потребни за здрав и долг живот.

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg