Десет причини зошто да почнете да трчате

Трчањето е најдобрата спортска активност. Потполно бесплатно, а многу ефикасно. Ако цела зима бевте неактивни започнете постепено со активностите. Неколку денови навикнете се на шетање со послабо темпо за да не заработите воспаление на мускулите уште пред да почнете со активностите.

deset-pricini-zosto-da-pocnete-da-trcate-01

Доста важно е и да научите како да го регулирате дишењето за да си го олесните трчањето.

Почетнички совет: Една минута трчајте, минута брзо одете во првите неколку денови. Зголемувајте ги минутите од ден на ден додека не почувствувате кондиција.

Ова се најдобрите 10 причини зошто секојдневно да го практикувате трчањето.

1. Согорувате масни наслаги – Можете да заборавите на ригорозните диети и големите одрекувања ако започнете да го движите вашето тело.

deset-pricini-zosto-da-pocnete-da-trcate-02

2. Го ублажува стресот – Ако се прашувате зошто спортистите се среќни, задоволни и смирени одговорот лежи во физичката активност. Трчањето го оттргнува стресот, заморот и нервозите и ве полни со позитивна енергија.

3. Ве прави посилни – Не само физички, туку и психички. Трчањето е и ментална активност која помага во разработката на мозокот, па затоа и ја зголемува концентрацијата и ги развива сите можни сетила.

4. Ја зголемува издржливоста – Со тек на време станувате издржливи, посилни и повитални, а тоа ќе ви даде сила за нови активности.

5. Го подобрува имунитетот – Можете да кажете збогум на грипот и настинките. Физичката активност го зајакнува имунитетот и не прави поотпорни на сите вируси и бактерии.

6. Го намалува ризикот од посериозни заболувања – Дијабетесот, високиот крвен притисок и срцевите компликации значајно се намалуваат заради движењето на телото кое што помага во забрзувањето на крвотокот.

7. Го затегнува телото – Движењето на телото ги зајакнува коските и ги зацврстува мускулите. Трчањето ви помага полесно да ја постигнете идеалната фигура.

deset-pricini-zosto-da-pocnete-da-trcate-03

8. Ја зголемува самодовербата – Затоа второто име на трчањето е ментален фитнес тренинг. Фактот дека пред себе имаме цел која сакаме да ја постигнеме ни дава чувство на сигурност.

9. Трчањето влијае на среќата – Среќата е права реткост, а со само неколку минутно трчање можете да ја постигнете. Мозокот при оваа активност лачи хормон кој влијае врз радоста и задоволството.

10. Подмладува – Науката докажала дека личностите кои практикуваат редовна физичка активност стареат побавно, затоа што нивната кожа изгледа поубаво и негувано.

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg