5 спортови за топ форма

Ако сакате своето тело да го доведете во топ форма, одберете некој од спортовите кои ги предлага Мајкл Колинс, лекар и фитнес тренер. Верувајте, телото ќе ви биде како извајано.

5-sportovi-za-top-forma

Трчање за издржливост
Со трчање ќе се вратите во форма, а ќе успеете да ги стопите масните наслаги и да ги зајакнете нозете и горниот дел од телото. Ако трчате редовно, барем три пати неделно, калориите ќе ги согорите многу побргу отколку да се занимавате со некој друг спорт.

Сквош за здраво срце
Сквошот е омилена игра на брокерите од Вол Стрит, а стана популарна и од оваа страна на океанот. Овој спорт е многу динамичен, а неговите правила се едноставни. Поради константното трчање овој спорт е идеален за јакнење на кардиоваскуларниот систем.

Веслање за силни бели дробови
Веслањето прави чуда за респираторниот систем бидејќи со редовни тренинзи се зголемува капацитетот на белите дробови. Освен тоа овозможува совршен тренинг за сите мускули. Веслањето се препорачува особено за деца во пубертет затоа што го развива телото на правилен начин.

Планинарење за сила
За сите оние кои што сакаат да ја сочуваат силата и да ја подобрат кондицијата, планинарењето е идеален спорт. Бидејќи спаѓа во редот анаеробни активности, планинарењето е идеален избор за оние кои што сакаат да ги зајакнат кардиоваскуларниот систем.

Пливање за силни мускули
Пливањето е здраво за целото тело бидејќи го поттикнува раздвижувањето на зглобовите и сврзното ткиво, а со тоа и ја забрзува циркулацијата во целото тело. Предноста на пливањето над останатите спортови лежи во сеопфатноста.

Би можело да ве интересира:

Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Проверете сами: Дали сте доволно фит за ваша возраст (и колкав ви е ризикот од сериозни болести)? Можете ли да станете од подот без да се придржувате за нешто? А, колку долго мож...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg