Размислете пред да јадете: Ова е телото на Џим (78) веган и бодибилдер

Тешко е да се замисли подобра реклама за веганскиот начин на исхрана од фотографиите на 78-годишниот Џим Морис, бодибилдер и веган кој е најстар во здружението ПЕТА.

razmislete-pred-da-jadete-ova-e-teloto-na-dzim-78-vegan-i-bodibilder-01

На телото би можеле да му позавидат и многу помлади момци, па не е чудно што станал модел во најновата кампања за ПЕТА „Тhink before you eat“.

Џим, кој уште во 1985 година се повлекол од светот на професионалниот бодибилдинг, тврди дека неговото здравје драстично се поправило откако станал вегетаријанец, а подоцна и веган.

„Протеините од животинските производи се преполни со маснотии и хемикалии кои се штетни за нашиот организам. Кога сè уште се натпреварував јадев сè и сешто. Тоа ми предизвикуваше низа проблеми со варењето. Бев незадоволен. Знам дека немаше да бидам овде каде што сум, ако продолжев така да се хранам.“, рекол Морис

razmislete-pred-da-jadete-ova-e-teloto-na-dzim-78-vegan-i-bodibilder-1

Во интервјуто ги спомнува и прехранбените навики кои многумина со текот на времето ги присвоиле.

„Млекото е за бебињата. Луѓето, колку што ми е познато, се единствениот вид кој продолжува да пие млеко откако ќе престанат мајките да ги дојат. Многумина не разбираат дека значително ќе им се подобри здравјето и расположението ако престанат да пијат млеко“.

Откријте како да се храните, кои се последиците од животинските производи и како да влијаете на својата исхрана.

Погледнете го целото интервју и неговите фитнес и животни лекции

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg