Причини поради кои смеете да го прескокнете тренингот

Вежбањето прави неверојатни работи на нашето тело,ум и воедно на здравјето. Без разлика дали станува збор за пилатес, фитнес или теретана за вежбање понекогаш сите бараме некоја причина зошто да прескокнеме еден тренинг.

pricini-poradi-koi-smeete-da-go-preskoknete-treningot-01

Доколку не се чувствувате расположено за одење на тренинг ние ќе ви дадеме уште 5 причини зошто да останете дома.

1. Се наоѓате во фаза на настинување

Доколку почувствувате дека имуниетот ви опаѓа и се чувствувате истоштено и уморно тогаш со сигурност треба да го прескокнете тренингот.

2. Можеби веќе сте претерале со тренинзи

Ако изминатава недела сте претерале со вежбањето, со сигрност треба да си земете најмалку два дена одмор. Доколку не знаете колку тренинг е доволно секогаш можете да се консултирате со вашиот инструктор.

3.Физичка повреда

Доколку сте се повредиле, секако паузирајте со тренинзите. Доколку не сакате да паузирате тогаш избегнувајте справи кои се во контакт со вашето повредено место.

4. Воспаление на мускули

Секогаш се случува и поради тоа обавезно пропуштете го тренинот наредниот ден. Доколку вежбате со воспаление тогаш го запирате процесот на оздравување кај мускулите.

5. Имате трка или натпревар

Не одете на вежбање денот пред маратон или било каков друг натпревар од тој тип. Вашето тело мора да се одмори за да даде 100% на натпреварот. 

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава