13 фитнес заповеди

Не, овие фитнес заповеди не се однесуваат на вашето дневно мени, здрави вежби или затегнато тело, туку за правилата кои треба да ги почитувате додека се доведувате до совршена линија.

13-fitnes-zapovedi-01

Ако до сега веќе разбравте дека теретаната е ваш најдобар пријател, еве како да одржите здрава и континуирана врска со неа:

1. Ако мислите дека им пречите на луѓето додека вежбате и испуштате чудни звуци, веројатно сте во право. Престанете со време.

2. Не е срамота да го слушате Еминем додека вежбате. Или било која музика која ве тера да го движите телото.

3. Ледено кафе пред вежбање? Секако! Ледено кафе по вежбање? Одлично освежување! Но, ледено кафе за време на вежбањето? Никако!

4. Потврдено е, најлошото чувство во светот е кога некому ќе му ја тргнете слушалката од уво во теретана.

5. Сосема е во ред да трошите пари на гардероба за вежбање, сè додека тоа не се зелени хеланки, розови патики и виолетова кратка маичка. Потрудете се да ви биде удобно наместо да следите некои измислени модни трендови.

6. Девојки, никогаш не користете кујнски ластичиња за да ја врзете косата. Болката не се опишува.

7. Но, никогаш не ја оставајте косата пуштена.

8. Ако видите некоја стара пријателка која упорно се обидува да симне некој килограм вишок, тоа не значи дека треба веднаш да и делите совети. Понекогаш, доволно е да се насмевнете и да продолжите.

9. Патиките со скриена платформа се строго забранети, исто како и широките машки патики.

10. Не ги расфрлајте личните предмети низ теретаната. Чувајте ги на едно место. Постојат уште најмалку десетина луѓе кои го користат истиот простор.

11. Понекогаш, 8 километри на час е најбрзо што можете и тоа е сосема во ред. Не се форсирајте, ќе изгледате смешно.

12. Разговорот во теретана иритира. Затоа, оставете го за следното излегување со пријателките.

13. Фотографирањето во огледалата е непотребно. Исто како било која друга активност на мобилниот телефон додека вежбате.

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg