Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Побрзајте, летото пристигнува: 4 вежби за затегнат задник

pobrzajte-letoto-pristignuva-4-vezbi-za-zategnat-zadnik-01

Летото се ближи, а вашиот задник никако не изгледа онака како што посакувате.

За да се чувствувате задоволно во омилените шорцеви или здолништа, започнете со овие вежби уште денес.


Марширање  со подигнати колкови

pobrzajte-letoto-pristignuva-4-vezbi-za-zategnat-zadnik-1

Легнете на грб и подвиткајте ги колениците. Полека поткревајте ги колковите, така што телото ќе ви се формира во права линија од колениците до рамената. Подигнувајте ги колениците наизменично, минимум 15 пати.


Подигнати колкови и една нога

pobrzajte-letoto-pristignuva-4-vezbi-za-zategnat-zadnik-2

Легнете со едната нога подвиткана кај коленото ,а другата оставете ја права. Подигнувајте ја правата нога заедно со колковите, а потоа променете ги страните. Застанете во положбата неколку секунди, а потоа вратете во првобитната положба. Направете ја вежбата 10 пати со левата и 10 пати со десната нога.


Топка и подвиткани нозе

pobrzajte-letoto-pristignuva-4-vezbi-za-zategnat-zadnik-3

Легнете на грб и ставете ги петите на топката. Подигнете ги колковите така што телото ќе ви се исправи во рамна линија до колената. Без застанување, повлечете ја топката кон телото, така што ќе биде поблизу до задникот. Останете во таа положба 2 секунди, па потоа вратете ја топката во првобитната положба. Правете ја вежбата додека не почувствувате затегање во задникот и бутовите.


Подигнување и спуштање на една нога

pobrzajte-letoto-pristignuva-4-vezbi-za-zategnat-zadnik-4

Баш како и на сликата, десната нога свиткајте ја кај коленото и подигнете ја така што ќе биде паралелна со подот. Подигнете се со колковите и спуштете се колку пониско можете. Застанете, потоа променете ја положбата на нозете. По желба, можете да држите лесни тегови во рацете за поголем ефект. Повторете ја оваа вежба точно 10 пати со секоја нога.

Би можело да ве интересира:

5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
8 вежби за стомачни мускули за кои не мора да легнувате на под (и не ви треба опрема) Ако не ги сакате класичните вежби за стомачни мускули, постојат исто ефикасни ве...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од се...
6 лесни вежби за подобрување на рамнотежата – идеални се за повозрасни Следниве вежби ќе ви помогнат да ја подобрите рамнотежата, но и да го намалите р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg