Теретана или вежбање во група?

Доколку сте во дилема дали да уплатите месец во теретана или пак да започнете со групни тренинзи како што се пилатесот, аеробикот и јогата, ова се нивните предности и маани.

teretana-ili-vezbanje-vo-grupa-01

Теретаната е за дисциплирани индивидуалци

Ако идеалниот тренинг го замислувате така што сами вежбате и имате јасна цел, тогаш теретаната е вистински избор.

Групни тренинзи за оние кои истражуваат

Ако спаѓате во вежбачите кои сè уште експериментираат и испробуваат нови вежби, тогаш одберете ги групните тренинзи. Тренирањето во група ќе ве мотивира и ќе ја разбие монотонијата при вежбањето од која сите бегаат.

3 предности на групните тренинзи:

1. Вежбите се изведуваат под стручен надзор, при што ви се гарантира максимална дисциплина

2. Тренингот е подинамичен отколку во теретана

3. Мотивацијата напредува заедно со другите членови од групата

3 предности на теретаната:

1. Пониска цена во однос на групните тренинзи

2. Флексибилно време и интензитет на вежбање

3. Голем избор на справи и вежби

За што се одлучивте вие?

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава