Што не смеете да јадете после напорниот тренинг?

Редовно тренирате, ги намаливте оброците, но и понатаму не гледате големи резултати. Дали сте размислиле за тоа што јадете по тренингот и како таа храна влијае на вашата линија?

sto-ne-smeete-da-jadete-posle-naporniot-trening-01

Кога ќе се вратите од напорните вежби, вашето исцрпено тело бара храна онаква каква не смеете да јадете. Во тие моменти, никогаш не се „наградувајте“ за вложениот труд. Токму тогаш ја убивате секоја можност за некој килограм помалку.

Затоа, следен пат по тренингот обидете се да им одолеете на овие намирници:

Тесто - Најважно е да внесете голема количина на влакна по тренингот, а не јаглехидрати. Подобро каснете јаткасти плодови или овесни снегулки, наместо да се нафрлите на лиснатите и печивата.

Енергетски плочки - Тие се совршен оброк пред тренингот, затоа што се полни со шеќери кои ви ја подигаат енергијата. Но, доколку ги консумирате по тренингот тоа само ќе го забави метаболизмот и ќе ве успие.

Свеж зеленчук - Зеленчукот е богат со витамини, минерали и минимален број на калории, но тоа не му е доволно на вашиот организам, барем не по тренингот. Подобро е да се напиете јогурт, отколку да изедете свежа салата.

Кашкавал - Нема дискусија околу неговиот вкус, но во никој случај не смеете да го консумирате по напорните вежби, затоа што со само 1 парче со средна количина ќе ги вратите потрошените масти. Наспроти кашкавалот, моцарелата е одличен избор заради ниската количина на масти.

Пржени јајца - Генерално, јајцата се добра и здрава храна по тренингот заради високото ниво на протеини. Меѓутоа, тука не спаѓаат пржените јајца, туку варените.

Помфрит - Масти, скроб и мала количина на протеини се она што ќе добиете доколку по тренингот изедете порција помфрит.

Цедени сокови - Цедените сокови лесно може да ве залажат, ако не знаете што точно се наоѓа во нив. Наместо сок, најдобро е самите да измиксирате овошје со млеко или зелен чај.

Обработено месо - Мрсната храна го отежнува варењето, што не е добро за вашето изморено тело. Обработеното месо исто така содржи соли и масти кои се штетни за срцето. Секогаш подобар избор се пилешките или мисиркини гради, кои заедно со зелена салата, домат и сенф се идеален оброк по тренингот.

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg