Најголемите заблуди за јогата во кои верувате

Ако барем еднаш во животот сте посакале да вежбате јога, сигурно сте размислиле дали таа е добра за вашето здравје, тело, години...

najgolemite-zabludi-za-jogata-vo-koi-veruvate-01

Но, од било која причина се предомисливте со изговор „не е тоа за мене?“

Јогата е за секого! По овие разбиени митови и заблуди ќе се уверите во тоа:

Јогата е за еластични тела

Понекогаш, јога позите ви изгледаат акробатски, па дури и невозможни, посебно затоа што имате вишок килограми. Но, вистината е сосема спротивна!

Јогата е наменета за сите, посебно за телото кое е малку покруто. Да, факт е дека сите имаме различни физички ограничувања, но јогата не ги надминува можностите на просечното тело.

Многу од вежбачите се зачудуваат од резултатите кои ќе ги постигнат и еластичноста на телото со која не знаеле дека располагаат.

Јогата е само за истегнување и опуштање

Тврдењето е точно, но ако го тргнете зборчето „само.“

Јогата бара сила, издржливост, внатрешна дисциплина и голема концентрација. А, тоа не е опуштање.

Таа ги поврзува силата и еластичноста на телото со умот, овозможувајќи ни да воспоставиме рамнотежа, координација на движењата и смиреност.

Јогата е бавна и досадна

Факт е дека јогата нема натпреварувачки дух, ниту пак има пумпање на мускулите и целни точки. Но, поставувањето на телото во одредена положба знае да биде многу подинамично од сè што до сега наведовме.

Јогата е вештина која бара одредена зрелост, подготвеност да се открие внатрешната сила. Откако ќе ја откриете, следува бескрајно истражување. Токму затоа постојат повеќе стилови на јога.

najgolemite-zabludi-za-jogata-vo-koi-veruvate-02

Јогата е религија

Погрешно, како што и спортот не е религиски поврзан.

Јогата е алат со кој се служите при духовниот развој, низ вежби. Јогата е начин на живот кој го одбираат они кои сакаат да достигнат внатрешна свежина.

Ако вежбаш јога, мора да бидеш вегетаријанец

Јога вежбачите по извесно време своето тело го доживуваат како ризница на енергија. Природно е дека таа енергија ќе сакаат да ја задржат колку подолго можат, па ќе ги испробаат сите начини на исхрана за да откријат кој најмногу им одговара.

Да, јогата е тесно поврзана со начинот на исхрана, но тој не побарува од вас целосно откажување од производите кои ве прават среќни и енергични.

Важно е да се чувствувате здраво, а не да бидете вегетаријанец или веган.

Јогата е само за млади

Убавината на јогата е што може да се прилагоди според вашите потреби и години.

Користа која ја имате од јога вежбите е голема - го регулира крвниот притисок, го подобрува варењето на храната, ги зацврстува мускулите, ја спречува остеопорозата, помага при несоница и многу други здравствени проблеми кои се почести кај повозрасните лица.

Со јога не се слабее

Континуираните јога вежби може да ве доведат до посакуваната тежина на телото. Многу пози и вежби имаат детоксикациска намена, па телото полесно согорува масти и исфрла отрови.

Различните техники за дишење исто така ви помагаат во согорување на калории.

najgolemite-zabludi-za-jogata-vo-koi-veruvate-03

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg