Одберете го најдоброто време за вежбање

Ако мислите дека секој дел од денот е погоден за вежбање, грешите. Нема да ви наштети, но проблемот е во тоа што нашето тело поинаку реагира на тренингот наутро и на тренингот навечер. Добро е да го имате овој краток водич кој може значајно да влијае во вашиот дневен план за согорување калории.

odberete-go-najdobroto-vreme-za-vezbanje-01

Ако имате стресен состанок...

Ако ве чека важен состанок наутро, најдобро е тренингот да го направите пред него. Така, ќе го намалите стресот на телото, ќе се ослободите од тремата и ќе го дочекате состанокот со „чиста глава“, подготвени за предизвици. Веќе 15 минути после тренингот ќе се чувствувате целосно опуштено.

Ако имате проблеми со спиењето...

Доколку ве мачи несоница , вежбањето одложете го за крајот на денот. Притоа најдобро е да одберете јога или пилатес, бидејќи токму тие вежби ќе им го дадат потребниот мир на телото и умот. Со ваквиот режим ќе ги избегнете таблетите за спиење, а ќе се чувствувате и подобро.

odberete-go-najdobroto-vreme-za-vezbanje-1.jpg

Ако сакате да ги намалите килограмите...

Дали знаете дека луѓето кои трчаат пред појадокот согоруваат дури 20 отсто повеќе калории од оние кои по будењето прво посегнуваат по храната.

Ако сакате да ги стопите мастите добро е појадокот малку да го одложите. Вежбањето би требало во тој случај да ви биде прво на дневната листа со обврски. Тоа ќе ви го забрза метаболизмот, а со тоа и слабеењето.

Ако сакате да го спречите нападот на алергии...

Ако сте алергични на полен би требало да го избегнувате утринското трчање и одмор во природа бидејќи тоа може да ви ги засили симптомите. Најдобро е да го одложите вежбањето до вечерните часови или тренингот да го направите во затворена просторија.

odberete-go-najdobroto-vreme-za-vezbanje-2.jpg

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...
Едноставни вежби со кои ќе ги тонирате рацете + зошто се појавуваат масни наслаги во оваа област? Покрај вишокот килограми, масните наслаги на рацете се јавуваат и од други факто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg