Како до потенки бутови за само 7 дена?

Вежбате напорно и секојдневно, но сѐ уште не можете да ги облечете омилените фармерки...

kako-do-potenki-butovi-za-samo-7-dena-001.jpg

Кај многу вежби занемарени се движењата кои би ви помогнале да се ослободите од масните наслаги во определени делови од телото.

Затоа покрај регуларните вежби, одвојте 20 минути дневно за овие движења и за една седмица обемот во бутовите значително ќе ви се намали:

Возете велосипед во воздух

Легнете на грб, подигнете ги нозете и возете велосипед со нозете во воздух. Оваа вежба е полн погодок за мускулите на бутовите, но и за задникот. Вежбата може да ја правите додека ја гледате омилената серија, а резултатите ќе ги добиете за брзо време.

tenki-butovi-za-7-dena-2


Не заборавајте на чучнувањата

Свиткајте ги колената, а рацете поставете ги на колковите и полека спуштајте се надолу се додека не почувствувате затегнување и болка во мускулите. Потоа исправете се и повторувајте ја вежбата најмалку осум пати. Со текот на времето, кога ќе стекнете кондиција, ќе можете да правите повеќе чучеви во една серија.

tenki-butovi-za-7-dena-3


Најпознатата вежба за бутови

Легнете на грб, свиткајте ги колената, а рацете испружете ги покрај телото и гледајте во плафонот. Помеѓу колената поставете пешкир, за да овозможите активно учествување и на внатрешната страна на бутовите. Така застанати, кревајте го вашиот задник нагоре. Повторувајте ја вежбата 15 пати и внимавајте на дишењето.

tenki-butovi-za-7-dena-4


Уште една видео вежба за потенки и поцврсти бутови, само за најиздржливите: 

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава