Зошто мавтаме со рацете додека трчаме?

До сега се сметаше дека мавтањето со рацете додека трчаме го зголемува трошењето на калории, но дали тоа е вистина?

zosto-mavtame-so-racete-dodeka-trcame-01.jpg

Човечкиот организам е така направен што рацете се движат спротивно од нозете и го одржуваат телото во одреден баланс.

Сепак, до сега постоеше една мала енигма околу тоа дали оваа додатна активност ја зголемува енергијата на телото, па затоа беше спроведено брзо истражување.

Неколку лица кои секојдневно трчале и тренирале биле поделени во 4 групи. Една од тие групи трчала со природна позиција на рацете, додека останатите 3 со претходно утврдени позиции на рацете - потпрени на главата, на градите и на половината.

Резултатите покажале дека природниот начин на движење на рацете напред-назад штеди повеќе енергија од сите останати позиции.

Причината е тоа што мрдањето на рацете автоматски го придвижува целото тело, па така штеди голема количина на енергија. Во спротивно, доколку трупот се мрда без помош од рацете, потребна му е двојно поголема енергија.

Плус, поголема е веројатноста од повреди доколку рацете ги држите стегнати додека трчате, наместо да ги ослободите мускулите.

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава