Пијалаци кои ја враќаат енергијата по тренингот

Спортот е основа на здравиот начин на живот, но многумина знаат да ја заборават адекватната хиратација за време и по тренингот.

pijalaci-koi-ja-vrakaat-energijata-po-treningot-01.jpg

Затоа, ве потсетуваме на 5 различни коктели, пијалаци и смути рецепти кои ќе ви помогнат да го вратите балансот во телото, по напорниот тренинг.

Протеински шејк

Протеинскиот шејк му помага на организмот да го врати своето тело во нормална состојба по физичкиот напор.

Добро ќе им дојде на сите кои редовно вежбаат во теретана, затоа што го зголемува обемот на мускули, а воедно ги ублажува болките заради белковините кои ги содржи.

Овој коктел може да се купи како додаток во прехраната или да се подготви од млеко, сурутка, овошје, па дури и чоколадо.

pijalaci-koi-ja-vrakaat-energijata-po-treningot-02.jpg


Зелено смути

Започнувањето на денот со зелено смути стана тренд, но и неопходна навика за активните луѓе.

Зеленото смути ви дава енергија, ја подобрува состојбата на кожата и содржи многу повеќе хранливи материи во споредба со обичното овошно смути.

Оние кои се занимаваат со јога, пилатес или утринско истегнување можат да испијат едно зелено смути веднаш по тренингот.

pijalaci-koi-ja-vrakaat-energijata-po-treningot-03.JPG


Енергетски коктел

Ако се чувствувате исцрпени по утринскиот тренинг, а ве чекаат уште неколку обврски, доволна е една кафена шолја од овој коктел.

Коктелот ја намалува желбата за спиење, а најчесто се подготвува од вода, мед, цитрусни овошја и зачини.

Со додаток на мраз, ова е идеален пијалак за летните месеци кога чувствувате прекумерна жед.

pijalaci-koi-ja-vrakaat-energijata-po-treningot-04.jpg


Вода

Главен и најважен пијалак кој во секој момент мора да ви биде при рака.

Веќе одамна знаете дека водата е неопходна за здраво функционирање на телото, па затоа студената вода со парчиња лимон може да ви даде одлично чувство на свежина по тренингот.

pijalaci-koi-ja-vrakaat-energijata-po-treningot-05.jpg


Минерален шејк

Минералниот шејк ќе им помогне на оние кои сакаат да ослабат и да ги стопат масните наслаги.

Богат со витамин Ц и калиум, минералниот шејк го намалува чувството на глад, а воедно и е силен антиоксиданс.

Најчесто се продава во облик на прашок кој се подготвува со вода.

pijalaci-koi-ja-vrakaat-energijata-po-treningot-06.jpg

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава