4 Начини да трошите калории додека седите на работното место

Долгото седење е лошо за вашето тело, но таква ви е работата и што можете да направите? Вежбајте додека седите...

4-nacini-da-trosite-kalorii-dodeka-sedite-1

Редовното станување и раздвижување помага многу, а идеално би било ако можете еднаш на секој час да пешачите.

Но доколку имате премногу работа и не можете да се опуштите, овие 4 начини ќе ви бидат од голема помош да согорите калории додека работите:

1. Стегнете ги мускулите на стомакот

Пробајте да ја направите вежбата додека го читате овој текст. Стегнете ги мускулите на стомакот и задржете така неколку секунди, опуштете се и повторете ја вежбата неколку пати.

Кога ќе завршите со оваа вежба, едната нога поткренете ја од подот испружете ја нанапред, а потоа наназад. Оваа вежба е одлична за долниот дел од стомакот. Вежбата може да ја повторувате онолку пати колку што сакате.

2. Заиграјте

Ако сте сами во канцеларија тоа е одлично, бидејќи во спротивно можеби колегите чудно ќе ве гледаат за време на оваа вежба. Но како и да е заиграјте, мрдајте со главата и рамениците во ритамот на песната која оди на радио и сето тоа правете го додека седите. Не само што ќе потрошите калории туку и ќе си го подобрите расположението.

3. Затегнете ги нозете

Испружете ги нозете се додека не бидат паралелни со подот. Затегнете ги мускулите и држете ги така неколку секунди, а потоа полека враќајте ги кон подот и повторете ја вежбата уште неколку пати. Ако сакате да постигнете уште поголем ефект, тогаш пред затегнувањето вкрстете ги нозете една со друга.

4. Бидете немирни

Вртете се на столчето, цупкајте со ногата, протресете ги рацете, истегнете го вратот, правете тупаница со рацете за да ги истегнете прстите, истегнете го грбот и правете сѐ што можете за да останете во движење додека седите.

Овие совети добро ќе ви се најдат во оние работни денови кога нема да можете да станете од столчето. Вежбите не ги надоместуваат редовните вежби за тело, туку служат како нужна помош. 

Би можело да ве интересира:

11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Едноставни вежби за зајакнување на вратот и рамената – ја намалуваат и двојната брада Овие вежби ќе ви помогнат да ги зајакнете вратот и рамената, да се ослободите од...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
4 лесни вежби за стомак, задник и нозе Со едно обично столче и малку добра волја, можете да правите едноставни вежби и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg