Вежба за тело во времетраење од 60 секунди

Физичката кондиција и затегнување на телото не мора да ви одзема премногу време и пари, а тоа го докажува и оваа вежба која трае помалку од 60 секунди.

vezba-za-telo-vo-vremetraenje-od-60-sekundi-1

Кратките, честите и интензивните тренинзи ја поттикнуваат работата на мускулите, ги согоруваат калориите и ви го подобруваат здравјето исто како тоа што го прават вежбите со времетраење од 30 минути и повеќе.

Овој тренинг е совршен спој на кардиоваскуларни вежби и вежбите за затегнување.

Потребна ви е само 1 минута во денот:

Застанете на тој начин што стапалата ќе ви бидат рамномерно поставени со ширината на колковите. Откако ќе се наместите така, чучнете и рацете поставете ги паралелно со стапалата, од нивната надворешна страна. Скокнете и дочекајте се на земја во став за склекови.

Телото од глава до пети треба да формира права линија. Потоа повторно станете и скокнете колку што можете повеќе држејќи ги рацете во вис. Во текот на 60те секунди правете колку што можете повеќе скокови.

skok sklek

Доколку дочекувањето во форма на склекови ви се чини претешко, тогаш прво застанете на нозе, а дури потоа испружете се во таа форма правејќи права линија со телото.

Ако дочекувањето со склекови ви се чини прелесно, пред да продолжите со вежбата направете еден склек, а дури потоа завршете ја вежбата до крај.

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава