Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Станала Инстаграм сензација, а не знаела дека луѓето ги гледаат нејзините слики

Кајла Итсинес е 23-годишна девојка која не знаела што се тоа фанови на социјалните мрежи, сè додека не ја поставила првата фотографија на Инстаграм која и донела 100 следбеници.

stanala-instagram-senzacija-a-ne-znaela-deka-lugeto-gi-gledaat-nejzinite-sliki-01.jpg

Од првите 100, Кајла многубрзо дошла до вртоглава бројка од 1.7 милиони фанови.

- Не размислував за слава во тоа време. Го користев Инстаграм како блог и знам дека ќе звучам глупаво, но не знаев дека сите луѓе може да го видат она што јас го објавувам.

Денес на Твитер има 163.000 следбеници, а на Фејсбук нејзините фотографии собираат по 900.000 лајкови.

Вистинска лавина од коментари предизвикаа нејзините фотографии пред да започне да вежба и оние откако буквално „се навлекла“ на теретана. Ја изненадиле фановите кои упорно барале совети како успеала во драстичната промена.

- Се трудев да им помогнам на сите и да бидам љубезна, па направив мини книга во која ги објавив моите тренинзи. Но, тогаш започна кошмарот. Сите се прашуваа дали ова го правам сама и се сомневаа во моите способности. Понекогаш седев, ги читав пораките и плачев со часови.

Нешто подоцна, решила да побара помош од нејзиниот дечко. Таа ги подготвувала советите, а сите технички проблеми ги решавал нејзиниот партнер.

Сега зад себе има цел тим и сè функционира совршено. Помеѓу оние кои ги слушаат советите на Кајла е и манекенката Кендис Сванапул.

Кајла се занимава со фитнес од 18 години, а колку е добра и успешна покажуваат нејзините фотографии:

Би можело да ве интересира:

Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Водич: Како да се вратите во форма за еден месец, само со пешачење? АКо се „улегнавте“ во летниот период, можете да се вратите во форма само со пеша...
5 вежби за ѕиден пилатес без опрема, идеални за почетници За овие вежби не ви треба никаква опрема, освен простирка за вежбање, а иако се ...
6 лесни вежби за подобрување на рамнотежата – идеални се за повозрасни Следниве вежби ќе ви помогнат да ја подобрите рамнотежата, но и да го намалите р...
6 едноставни вежби за совршен задник до лето (и за кои не треба опрема) За да бидете во топ форма до лето, треба да почнете со вежбање уште сега. За ...
3 лесни јога вежби за трудници – ги намалуваат болките и вкочанетоста Јога вежбите се одлични за намалување на вкочанетоста и болките кои доаѓаат со б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg