Најголеми заблуди поврзани со јогата: Јогата е само за еластични и за жени

Иако јогата полека станува сѐ повеќе популарна, сепак сѐ уште можат да се чујат разни предрасуди поврзани со оваа дисциплина.

najcesti-zabludi-povrzani-so-jogata-1

Сите кои се во потрага по внатрешен мир, здравје и кои сакаат повеќе да откријат за себе, јогата нуди разработен систем на вежбање, дишење и на ментален и духовен развој.

Но, погледнете кои се најчестите заблуди поврзани со јогата:

1. Јогата е само за еластични луѓе

Јогата често се прикажува со вежба во која телото на некоја личност е навистина во завидна положба и истата изгледа како акробатска, па затоа луѓето кои имаат вишок килограми или не се еластични сметаат дека не можат да вежбаат јога. Но, вистината е спротивна. Јогата е наменета за сите, а особено за оние кои не се еластични.

После само неколку месеци континуирано вежбање, вашето тело ќе покаже голем напредок и ќе се изненадите од резултатите.


2. Јогата е само за истегнување и опуштање

Тврдењето е точно, доколку од него го избришеме зборчето „само”. Јогата бара одредена сила и издржливост, како и внатрешна дисциплина која е потребна да го задржиме телото во одредена поза. Положбите во јогата ја развиваат свеста за нашето тело.


3. Јогата е бавна и здодевна

Во јогата не се затегнуваат мускули, нема трчање, нема натпревар, туку целта е човекот да созрее и да го открие својот внатрешен свет.

najcesti-zabludi-povrzani-so-jogata-2

4. Јогата е религија

Како што ни спортот не е, така ни за јогата не може да се каже дека е религија. Таа е просто алатка со која се служиме за да се развиеме духовно. Тоа е начин на живот кој го одбираме, а за разлика од религијата, јогата не пропишува правила и забрани.


5. Јогата е само за жени

Традиционалната јога долги години била резервирана само за мажите. Но, точно е дека денес најмногу јога тренираат само жените, дури 72%. Вреди да се знае дека најголемите учители на јога се токму мажи. 

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава