Вакви облини може да имате и на 45 години

Лаура Гордон е фитнес тренер и блогер од Њујорк, има 45 години и тело по кое воздивнуваат и мажи и жени. Таа е одличен пример дека тренингот се исплати, а може и да ги победи годините.

vakvi-oblini-moze-da-imate-i-na-45-godini-01.jpg

Кога тргнала на факултет, Лаура се здебелила околу 10 килограми. Но, пронашла соодветно решение.

- Користев едноставен метод, јадев двојно помалку. Немав доцна вечера, ни макарони со сирење за ужина, а се одвикнав и да нарачувам пица.

За време на студирањето, започнала да работи постојано седејќи во канцеларија. Седењето дополнително ја депримирало, затоа што негативно влијаело врз нејзиното тело.

Набрзо започнала да тренира, но се чудела зошто нејзиното тело не изгледало онака како што замислувала. Сфатила дека треба посериозно да се занимава и со исхраната, а не само со напорните вежби.

Како што и самата Лаура раскажува, од нешто мора да се жртвувате.

Во 2005-та година започнала да пишува блог за нејзиното здраво „патување“ до посакуваната линија, за денес на Инстаграм да објавува провокативни фотографии како доказ дека успеала.

Што е најинтересно, денес Лаура има 45 години, а тело и облини за кое сонуваат сите 20-годишни девојки.

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава