15 совети на Кристијано Роналдо за тело од соништата

Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот, добитник на Златната топка, голгетерот на Реал Мадрид, најдобриот португалски репрезентативец и момчето по кое многу девојки лудуваат, а многу момци му завидуваат.

kristijano-ronaldo-15-soveti-za-telo-od-sonistata-01

Но, неговото дефинирано тело не е создадено преку ноќ, ниту се одржува самото од себе, туку тој постојано вежба и вложува во себе.

Според него, сите можат да го постигнат истото, но доколку строго се придржуваат до рутината и нормата.

Ова се неколку совети од Кристијано Роналдо за да имате тело од соништата:

1. Научете да го тренирате мозокот исто како што го тренирате телото. Менталната сила е еднакво важна како и физичката и ви помага за да постигнете успех.

2. Бидете дисциплинирани. Тајната е во тоа да бидете постојано мотивирани и да се придржувате до рутината. За мене не постои простор за олеснување или откажување.

3. Сами поставете си предизвици. Тоа ќе ви помогне да останете фокусирани и да продолжите понатаму.

4. Ако вежбате со партнер е уште подобро бидејќи имате конкуренција и тоа ви помага да се трудите да се докажете.

5. Доволното спиење е навистина важно за да имате подобри резултати. Јас си легнувам рано и станувам рано, особено пред натпреварите. Спиењето им помага на мускулите да се обноват, што е многу важно.

kristijano-ronaldo-15-soveti-za-telo-od-sonistata-3.jpg

6. Загревањето ве заштитува од повреди. На тренинг правиме кардио вежби и трчаме. Задолжително правете такви вежби пред да седнете на некоја справа во теретаната.

7. Комбинирајте ги вежбите зависно од тоа кој дел на телото сакате да го истакнете. Важно е целосно да се одржувате и да не се фокусирате само на едно нешто.

8. Интензивното вежбање е важно за циркулацијата. Добро е да правите кратко трчање од една до друга точка пред секој тренинг. Така добивате повеќе енергија.

9. Кардио вежбите се уште една клучна тајна на доброто тело. Потрудете се да ги правите минимум по 30 минути. Но како напредувате, така зголемувајте го интензитетот.

10. Секогаш кога можете, вежбајте. Стомачни може да правите и додека гледате телевизија легнати на креветот или наутро пред да станете. Ако си создадете рутина, лесно ќе ви премине и во навика.

kristijano-ronaldo-15-soveti-za-telo-od-sonistata-1.jpg

11. Добрите вежби мора да бидат комбинирани и со правилен начин на исхрана. Јас јадам високо протеинска храна, многу овошје и зеленчук, а го избегнувам шеќерот. Сакам да јадам риба или пилешки стек со салата.

12. Обезбедете се со доволно количество вода. На телото му е потребна соодветна хидратација. Јас го избегнувам алкохолот.

13. Јадете редовно. Ако се вложувате максимално со вежбите, тогаш потребна ви е енергијата која ја внесувате со храната. Не се изгладнувајте. Не претерувајте со големи оброци и прејадување, но јадете повеќе пати во текот на денот, помало количество храна. Јас јадам по 6 мали оброци во денот.

14. Добро е да слушате музика која ви се допаѓа додека вежбате. Ве мотивира и го извлекува најдоброто од вас. Јас сакам да слушам хип хоп и регетон.

15. Релаксирајте се. Тренингот е важен, но потребно е во текот на денот да најдете време и за опуштање. Тоа ви помага да се прифатите себе, да се одморите и да го покажете најдоброто од себе. Јас слободното време го поминувам со пријателите и семејството кои ме релаксираат и ме тераат на позитивно размислување.

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg