Таа ја знае тајната за големиот задник на Ким Кардашијан

Лизабет Лопез е нетипична фитнес девојка со малку поголеми облини. Вообичаено фитнес девојките и инструкторки имаа секси затегнато тело, рамен стомак, топчест задник, цврсти екстремитети и подигнати гради, сето тоа речиси во идеални соодветни пропорции.

taa-e-kim-kardasijan-vo-fitnes-svetot-01

Но, како што во светот на модата и шоу-бизнисот почнаа да се појавуваат т.н. плус сајз модели, предводени од Ким Кардашијан, како една од похрабрите која реши да ги истакне облините и сите да полудат по нејзините атрибути, така во фитнес светот тоа е Лизабет Лопез.

Преку нутриционизмот учела и за фитнесот и научила да го прифаќа своето тело. Сфатила дека е покрупна девојка и дека никогаш нема да биде како Кејт Мос, затоа одбира вежби кои одговараат на нејзиното тело.

Вежба 5-6 пати во неделата, 20-40 минути прави кардио вежби и крева тегови околу 40 минути.

Во однос на исхраната, единствено внимава на количината. Не се оптоварува со макробиотска и диетална храна, ниту брои калории.

Смета дека ако ви се јаде колаче, треба да го изедете тоа колаче. Подобро е едно колаче со полномасно млеко и шеќер, отколку цела чинија диетални колачи.

Добриот задник ѝ е резултат од 50 % генетика и 50 % исхрана и вежбање, а преокупирана е со него од свои 16 години.

Крева тегови, соодветно на телесната тежина, но нема цел да стане билдерка, сепак сака да има цврсти но женствени раце.

Најважно ѝ е да се чувствува пријатно во своето тело, а кога слуша коментари дека има тело како Ким Кардашијан, тоа го сфаќа како комплимент, бидејќи  е нејзин фан.

Сепак, смета дека Џенифер Лопез е првата која го стави големиот задник на пиедестал, подоцна и Ким и Бијонсе, само дополнително им го олеснија животот на покрупните девојки со облини.

Би можело да ве интересира:

5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg