Водич за правилно трчање без повреди

Трчањето е една од најдобрите физички активности, бидејќи ги активира скоро сите мускулни групи. Тоа може да го практикувате секогаш и секаде, а и бесплатно е. Сè што ви е потребно се квалитетни патики и добра волја.

vodic-za-pravilno-trcanje-bez-povredi-i-so-zategnato-telo-001

Ниедно апче не може да му направи толку добро на вашето здравје, како обичното трчање.

Многу истражувања покажале дека трчањето прави чуда во превенцијата од дебелеење, дијабетес тип 2, срцеви болести или висок крвен притисок.

Поради зголеменото лачење ендофрин во текот на тренингот ќе се чувствувате посреќно и ќе имате поголема самодоверба.

Сепак, како и во другите тренинзи, така и при трчањето постои опасност од повреди. Затоа добро е да следите неколку основни совети.

1. Торзото нека ви биде исправено. Ако почувствувате дека премногу се навалувате напред, само вдишете длабоко. На тој начин најлесно ќе се исправите.

2. Лактите држете ги свиткани под агол од 90 степени и дозволете им во текот на трчањето да се движат слободно од вашиот струк до градите и назад.

3. Не ги стискајте прстите во тупаница, туку врвовите благо свиткајте ги навнатре, така што ќе го допрете долниот дел на дланката.

4. Колената во секој момент нека ви бидат благо свиткани, заради подобра амортизација.

5. Со стапалата допрете го подот дури кога ќе бидете во иста линија со телото, а не пред него.

6. Задната нога дигнете ја толку колку што ви е потребно за да си обезбедите правилен исчекор.

7. Рамената цело време нека ви бидат опуштени.

vodic-za-pravilno-trcanje-bez-povredi-i-so-zategnato-telo-1.jpg

Дополнителни совети:

Изедете банана пред тренинг – ова овошје ќе му обезбеди на вашето тело доволна количина глукоза која е неопходно гориво за вашите мускули.

Верувајте во своето тело – Не се обесхрабрувајте ако имате потешкотии при започнувањето на тренингот. Вашето тело потребно е да се прилагоди на физичката активност така што прво ќе ги загрее мускулите, ќе го забрза пулсот и ќе го зголеми потењето.

Користете ги рацете – Кога ќе почувствувате дека нозете ви се замориле, енергично замавнете со рацете додека трчате и тоа може да ви помогне да го издржите тренингот до крај.

Слушајте музика – Направете си плеј листа на песни кои вас ве мотивираат. Ставете си ги слушалките на уши и трчајте!

Би можело да ве интересира:

5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
Едноставни вежби со кои ќе ги тонирате рацете + зошто се појавуваат масни наслаги во оваа област? Покрај вишокот килограми, масните наслаги на рацете се јавуваат и од други факто...
Обратен планк - вежба која го затегнува телото и троши калории Никогаш не е премногу рано да почнете со вежбање за да го затегнете телото пред ...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg