Согорете 1.200 калории за само 20 минути неделно

Во последно време ми се чини дека постојат милион активности што може да ги правите за да останете фит или да ја намалите телесната тежина. Од разни зумба, јога, пилатес вежби, па се до кросфит и боди билдинг. Затоа воопшто и не е чудно што сте збунети, исправени пред толку многу опции за избор на вистинската фитнес програма за вас.

Јас лично се сметам за доста мрзлива личност. Не сакам одење во теретана, мразам претерано потење и порадо би ги потрошила парите на квалитетна облека, отколку на скапи теретани.

Тогаш слушнав за за Bodytec, студио каде се оди само еднаш неделно и се вежба само 20 минути. Еден тренинг во Bodytec е еквивалентен на на три 90-минутни сесии во теретана со кои ќе согорите 1200 калории.

sogorete-1200-kalorii-za-samo-20-minuti-nedelno-1.jpg

Ова ми звучеше доста шокантно и неверојатно, па го прифатив со голема доза на резерва. Меѓутоа решив, ај да пробам да видам дали ќе има ефект.

Тренингот во Bodytec, се врши со помош на Електро-мускулна-стимулација (ЕМС) која со години се користи во спортската медицина за зацврстување, добивање поголема мускулна сила и лекување на спортски повреди.

Истражувањата на интернационалните спортски институции покажуваат дека Bodytec тренингот е дури 18 пати поефективен од традиционалниот фитнес тренинг.

По мојата прва сесија, се чувствував како поспана неколку денови. Имав воспаление на муслулите, како да сум претрчала многу километри, а на тренингот едвај се испотив. Тренингот трае релативно кратко, а инструкторот ви ја прилагодува ЕМ стимулацијата зависно од потребите. За време на вежбањето, практично и не осеќав поголем напор бидејќи се прават само лесни, едноставни вежби. Меѓутоа електро стимулациите се тие кои го даваат неверојатниот ефект. Bodytec ја користи електричната стимулација за поголема контракција на мускулот, при што постојано, на различен дел од телото се контрахира различен мускул, со различен интензитет, а на тој начин мускулот добива подобра дефиниција и издржливост.

sogorete-1200-kalorii-za-samo-20-minuti-nedelno-2.jpg

Потоа бев на уште 2 тренинга, а наскоро ќе одам и на уште еден. Неверојатно е чувството на сила што го добив во нозете, стомакот и рацете. Изгледам поцврсто и послабо, а ми се намали и целулитот. Дефинитивно мора да го пробате ова.  

Првиот Bodytec центар во Македонија се наоѓа на ул. Димче Мирчев бр.20 ло.6, Скопје.

Повеќе информации и резервации може да се обезбедат на телефонскиот број: 077 833 332, на е-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., преку официјалната веб страна: http://www.bodytec.mk

Би можело да ве интересира:

5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
8 вежби за слабеење на стомакот од руски кинезиолог Повеќето вежби се прават без опрема, а познатиот руски кинезиолог тврди дека осв...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg