10 Животни лекции кои ги научив од трчањето

Кога трчаш, понекогаш стигнуваш да ја видиш целта, а понекогаш не можеш да поминеш ниту пола од патеката...така е и во животот.

10-zivotni-lekcii-koi-gi-nauciv-od-trcanjeto-1

Трчам веќе со години и чувствувам дека токму од оваа спортска активност не само што се развив физички, туку се издигнав на едно повисоко ментално и духовно ниво.

Вистина е дека од сѐ што правите можете да ги извлечете вистинските животни лекции, единствено треба да научите како да ги согледате и примените во секојдневието.

Ова се моите 10 животни лекции:

1. Почетоците секогаш се тешки. Трикот се состои во упорноста, не се откажувајте и ќе видите колку полесно ќе ви биде.

2. Доследноста креира навики, а навиките креираат резултати кои сакаме да ги постигнеме.

3. Ако сакате да станете подобри, болката е неизбежна. Научете да се справите со неа.

4. Ако не излезете надвор од вашата комфорна зона, никогаш нема да ги остварите целите.

5. Луѓето кои ги прават работите подобро од вас ви се учители, а не конкуренција.

10-zivotni-lekcii-koi-gi-nauciv-od-trcanjeto-2

6. Ако мислите дека не можете повеќе да издржите, живеете во илузија. Секако дека можете.

7. Понекогаш работите не се такви какви што сме планирале да бидат. Прифатете ги и продолжете.

8. Кога се качувате по стрмнина и сакате да се откажете - немојте. Движете се, побавно, но само движете се. Ќе стигнете на врвот.

9. Среќата не треба да ја држите на страна додека не ја постигнете целта. Уживајте колку повеќе можете по патот кон вашиот успех.

10. И малите победи се сепак победи!

Би можело да ве интересира:

Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...
6 вежби со кои ќе ги отстраните масните наслаги на грбот и ќе ги зајакнете мускулите Не е доцна да почнете со вежбање, без разлика што сезоната на костими за капење ...
Едноставни вежби со кои ќе ги тонирате рацете + зошто се појавуваат масни наслаги во оваа област? Покрај вишокот килограми, масните наслаги на рацете се јавуваат и од други факто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg