7 вежби за секси и затегнати нозе пред почеток на летото

Како се затоплуваат деновите, така почнуваат да се вртат мислите за кратки шорцеви, фустанчиња, бикини, лето, плажа.

7-vezbi-za-da-imate-najseksi-noze-ova-leto-01

Нема нешто што ви е позначајно од добриот изглед на нозете кои се најзабележителни во овој период.

Затоа ви се потребни некои едноставни, брзи и ефективни вежби со кои ќе ги добиете најсекси нозе што некогаш сте ги имале.

За овие вежби потребен ви е цврст широк ластик со кој ќе ги изведувате вежбите исто како да сте на некоја справа во теретана.

1. Високо кренато колено

Оптегнете го ластикот преку двете стапала. Едното држете го цврсто на подот, а другото подигнувајте го, така што ќе го растегнете ластикот и ќе го свиткате коленото, високо кренато. Паралелно со тоа движете ги и рацете, така што, кога го кревате десното колено, нанапред ја придвижувате левата рака, и обратно. Вежбата повторувајте ја десет пати наизменично.

7-vezbi-za-da-imate-najseksi-noze-ova-leto-1


2. Скок во расчекор

Ластикот ставете го околу зглобовите на нозете и направете скок во место како расчекор со тоа што едната нога ќе ја пуштите кон напред, а другата наназад. Исто така ќе ги движите и рацете паралелно, левата рака со десната нога нанапред и обратно.

7-vezbi-za-da-imate-najseksi-noze-ova-leto-2


3. Старт во место

Заземете положба, како кога треба да трчате на патека. Со рацете потпрете се на подот, а ластикот поставете го на едното стапало статичен, а со другата нога растегнувајте го така што ќе го влечете нанапред. Поза како да трчате, но сепак останувате во место. Повторете ја вежбата 10 пати.

7-vezbi-za-da-imate-najseksi-noze-ova-leto-3


4. Затегнете ги листовите

Легнете на подот, свртени со грб. Рацете ставете ги под вас. Ластикот оптегнете со околу зглобовите на нозете. Подигнете ги малку од подот, држете ги исправено, едната нога статична, а со другата растегнувајте го ластикот нагоре. Така листовите ќе ви бидат целосно затегнати. Повторувајте ја вежбата 10 пати наизменично со двете нозе.

7-vezbi-za-da-imate-najseksi-noze-ova-leto-4


5. Згодни колкови

Застанете со малку подраширени стапала, рацете на колковите, а ластикот оптегнат на зглобовите над стапалата. Едната нога нека ви стои цврсто и статично на земја, а со другата растегнувајте го ластикот на страна. Повторете ја вежбата 10 пати наизменично.

7-vezbi-za-da-imate-najseksi-noze-ova-leto-5


6. Вежби за колената

Легнете на подот свртени на грб со рацете поставени покрај телото. Ластикот поставете го на едното стапало кое ви е статично, а со другото стапало, оптегнувајте го, така што ќе го повлекувате кон себе како што ќе го свиткувате коленото. Повторете ја вежбата 10 пати, наизменично менувајќи ги двете нозе.

7-vezbi-za-da-imate-najseksi-noze-ova-leto-6


7. Полукружни чекори

Оптегнете го ластикот околу зглобовите на нозете. Малку навалете го телото нанапред. Рацете поставете ги пошироко од телото и правете полукружни лакови пред да направите чекор и да стапнете. На тој начин ви се активни сите мускули, иако ви се чини дека некои од нив се пасивни.

7-vezbi-za-da-imate-najseksi-noze-ova-leto-7

Би можело да ве интересира:

5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg