Без вежбање: Само со коноп до рамен стомак

Ова е необичен и навистина корисен совет за оние кои не сакаат да минуваат многубројни часови во фитнес салите и спортските терени, а сепак сакате да ја покажувате вашата витка става на плажите.

bez-vezbanje-samo-so-konop-do-ramen-stomak-01.jpg

Заборавете на небројните серии на стомачни и прескокнувања на вечерите. Се што ви е потребно за цврст стомак е само еден коноп. Така барем тврди Sammy Margo, физиотерапевт од Велика Британија.

Таа вели дека овој едноставен и проверен трик може секој да го вклопи во својата рутина. Се што е потребно да направите е да земете парче коноп долг околу 1 метар. Пред да го заврзете стомакот вовлечете го најсилно што можете. Заврзете и отпуштете го стомакот за половина од тоа колку сте го вовлекле предходно.

bez-vezbanje-samo-so-konop-do-ramen-stomak-1.jpg

Во што е тајната? Како всушност функционира овој трик?

Идејата која лежи зад овој процес е многу едноставна. Конопот треба да служи како потсетник дека кога ќе започнете да чувствувате како ве притиска време е да го вовлечете стомакот. Тогаш премногу сте ги отпуштиле мускулите. Со тоа што го држите стомакот полуприцврстен во текот на целиот ден, мускулите добиваат тонус, а стомакот ќе стане порамен ќе ви го подобри држењето и ќе ве потсеќа да консумирате помали оброци. Секако ако има нешто што ве стега на стомакот ќе направи да собирате помалку храна количински.

Рамниот стомак и доброто држење кратат и до 5 килограми од вашиот изглед. Токму затоа трудете се да го носите конопот што е можно повеќе, ако не и во текот на целиот ден.

Одличен трик за оние кои се мрзеливи и не сакаат да вежбаат нели? Секако, тоа не значи дека не може да го практикуваат и оние кои сакаат фитнес активности. Во секој случај побргу ќе дојдат до посакуваниот изглед.

bez-vezbanje-samo-so-konop-do-ramen-stomak-2.jpg

Како плус на изгледот може да се додаде и откритието од едно новозеландско истражување. Рамниот стомак го подобрува расположението. Тоа е така затоа што одредени мускули кои се наоѓаат во тој предел директно влијаат на лачењето на хормоните и на тој начин се подобрува расположението.

Спротивно на тоа, лошата положба може да доведе и до појава на депресија, раздразливост и ниско либидо.

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава