5 работи кои никако не треба да ги правите пред тренинг

Фитнес подготовките за супер тело на плажа веќе одамна се почнати, но ако не ги добивате посакуваните резултати, сигурно правите некоја од овие 5 грешки.

5-raboti-koi-nikako-ne-treba-da-gi-pravite-pred-trening-01

1. Пиете алкохол

Без разлика на количината алкохолот пред тренинг е забранет. Во зависност од нивото на толеранција кое го имаат луѓето, кај некои алкохолот влијае повеќе, кај некои помалку, но секако доведува до дехидратација, ширење на крвните садови, намалување на моторните функции и другите ефекти кои може да го загрозат вашето здравје.


2. Не пијте повеќе од една чаша вода

Еден час пред тренингот сфаќате дека претходната вечер сте испиле малку повеќе алкохол, па сега не можете да се изнапиете вода. Дополнителната вода може само да ви ја влоши состојбата.

Вашите бубрези не можат да преработат литар вода во рок од еден час, па ако сте испиле повеќе од тоа може да се доведете во ризична состојба, како што е хипонатремија. Тогаш се случува јоните натриум да опаднат во крвта.

Симптомите на оваа состојба се губење на енергијата, слабост во мускулите и грчеви. Ако вежбате со полн стомак течности, може да дојде до мачнини за време на тренингот кој опфаќа тешки вежби со скокање и трчање.


3. Не јадете зачинета храна

Ако јадете голем, зачинет оброк пред тренинг, може да дојде до создавање јаки киселини во желудникот.


4. Не тренирајте по интензивен сексуален однос

По интензивниот сексуален однос не ви е потребен тренинг, затоа што веќе сте доволно исцрпени. Но, ако баш сакате да направите добар тренинг, прескокнете го сексот.


5. Не се обидувајте да ги допрете прстите на нозете

Класичното истегнување пред тренинг не е добро. Кога вежбате мускулите мора да прават интензивни контракции. Кога ги ставате во истегната положба, ја намалувате нивната можност за да го извршат тренингот како што треба.

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
Едноставна јога вежба е лек за отечени нозе (но и спас од многу маки) Постои причина зошто јогата е толку популарна – има доволно лесни вежби кои можа...
7 вежби за рамен стомак за кои не треба да станете од столот Ако сте од оние помрзливите, но сепак сонувате за рамен стомак, тогаш сигурно ќе...
10-минутна вежба за рамен стомак и по 40-тата година во животот „Сигурно ќе ја пробам оваа вежба“ – велат следбеничките на оваа инфлуенсерка кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg