Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 знаци дека претерувате со вежбање и треба да одморите

Со желбата да изгледате совршено, подготвени за костимот за капење и долгите песочни плажи се одлучувате на напорни и долготрајни вежбања и тренинзи. Но, за жал работите не можете да ги доведете во најдобар можен ред по брза постапка.

naporno-vezbate-10-znaci-koi-kje-vi-kazat-deka-vi-e-potreben-odmor-01.jpg

Доколку почнете да претерувате и форсирате да направите што е можно повеќе чучнувања или стомачни нема да го постигнете ефектот за краток временски период, туку само ќе си наштетите на здравјето.

Ова се 10 сигурни знаци дека претерувате и на организмот му е потребен одмор:

1. Се борите самите со себе до крајот на тренингот

Доколку ви се случува по извесен период да не можете да издржите до крајот на тренингот и постојано се притискате и мотивирате до самиот крај, тоа значи дека претерувате со вежбањето. Уште при првите чувства на замор и мисли: „Ајде уште малку издржи“ знајте дека потребен ви е одмор.


2. Вашата мотивација варира

Станува збор за еден од најголемите и најочигледните знаци дека претерувате со тренирањето. Моментот кога вашата мотивација ќе започне да варира имајте на ум дека се преоптоварувате, а губењето на мотивацијата може да влијае и на останатите аспекти од вашиот живот.

naporno-vezbate-10-znaci-koi-kje-vi-kazat-deka-vi-e-potreben-odmor-2.jpg

3. Болка во мускулите

Сосема нормално е кога ќе започнете да тренирате и вежбате, да покрај заморот добиете и воспалени мускули и да чувствувате болка. Но, ако состојбата останува непроменета подолг период, а вие веќе со месеци вежбате, тогаш јасно е дека се преоптоварувате.

Ако болката трае и до 3 дена, тогаш сте преморени и потребно е да се одморите малку, бидејќи во спротивно можете да добиете сериозни повреди.


4. Во депресија сте

Докажан факт е дека вежбањето позитивно влијае на вашето расположение благодарени на тоа што преку него се покачуваат хормоните на среќата, но ако случајот кај вас е сосема спротивен тогаш имате само уште еден знак дека сте преморени.

Доколку забележите симптоми на депресија или нервоза во себе, потребно е итно да направите пауза од вежбањето. Тоа треба да ве прави среќни, а не разочарани.

naporno-vezbate-10-znaci-koi-kje-vi-kazat-deka-vi-e-potreben-odmor-3.jpeg

5. Постојано сте уморни

Постојаниот замор е сигурен знак дека вие претерувате со вежбањето токму затоа што не му дозволувате на вашето тело да се одмори и регенерира.

Потребно е секогаш да правите минимум еден ден одмор од вежбање за вашето тело да успее да се врати во својата нормална состојба и да има доволно време и простор да се регенерира.


6. Постојано чувствувате жед

Жедта е уште еден сигурен знак дека сте преморени. Доколку постојано чувствувате жед, посебно во текот на вежбањето, тоа значи дека сте дехидрирани и дека ви е потребна пауза да внесете доволна количина на течности и да ги задоволите потребите за вода.


7. Често се повредувате

Склоноста кон повреди без разлика на тоа колкава е нивната големина, претставува сигурен знак дека веднаш мора да престанете со вежбањето.

Така можете само додатно да си ја влошите состојбата на организмот и да предизвикате потешки повреди кои можат да бидат со подрастични последици.

naporno-vezbate-10-znaci-koi-kje-vi-kazat-deka-vi-e-potreben-odmor-3.jpg

8. Имунитетот ви е ослабен

Ако често ви се случува да настинете или да бидете болни, тоа значи дека вашиот имунолошки систем е ослабен од форсирањето да ги завршите напорните вежбања.


9. Работата на срцето е забрзана

Забрзаниот пулс е сигурен знак дека нешто не е во ред со вашиот организам и дека се преоптоварувате. Покрај брзиот пулс, може да дојде и до појава на брзо губење на килограмите што исто така не е во ред за вашиот организам. Издвојте малку време за одмор.


10. Проблеми со сонот

Несониците се сигурен знак дека претерувате, а ако ви се случува да спиете 7 до 8 часа дневно и повторно имате чувство дека не сте се одмориле под итно престанете со вежбање. На вашето тело потребен му е одмор за да остане здраво и во добра состојба.

Би можело да ве интересира:

Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
Водич: Како да се вратите во форма за еден месец, само со пешачење? АКо се „улегнавте“ во летниот период, можете да се вратите во форма само со пеша...
8 вежби што сигурно ги правите погрешно во теретана Дали кога кревате тег на клупа имате навика да го искривувате грбот? Тогаш можеб...
Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...
Лесни вежби за намалување на болката во грбот по напорниот работен ден Колку често ви се случува да се вратите дома од работа, а грбот да ве боли од се...
6 утрински вежби што ќе ви дадат енергија (се прават и во кревет) Ако немате многу време (или енергија) за вежбање, сигурно можете да одвоите 10-т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg