Слика која ќе ви покаже дека можеме да имаме иста тежина, а сосема различни облици на тело

Повеќето од нас кои се загрижени околу сопствениот изглед барем еднаш во животот се одлучиле да проверат во која категорија на луѓе припаѓаат според телесната тежина. BMI калкулатор, ви звучи познато?

slika-koja-kje-vi-pokaze-deka-ne-e-se-vo-vashiot-indeks-na-telesna-tezina-01

BMI калкулаторот се основа на мерење на тежината и висината и можете да го сретнете по многу интернет страни и статии кои се однесуваат на вашиот изглед на тело.

Во зависност од резултатот, можете да влезете една од четирите категории:

  • премала тежина,
  • нормална тежина,
  • прекумерна тежина,
  • дебелина.

Но, за жал тој нема да ви даде многу информации околу тоа колкав процент од вашето тело е изградено од мускули или масни наслаги.

Токму затоа, интернет страната Body Labs се одлучила да нацрта 6 потполно различни типови на женското тело со идентичен индекс на телесна маса.

Секое тело е високо 173cm, има 65kg и BMI индексот му е еднаков на 22,8, но според изгледот тие се потполно различни.

Иако BMI калкулаторот е добар за мерење на нашето здравје, тој не може добро да го прикаже изгледот на нашето тело.

Не е сè во бројот кој го носите нели?

slika-koja-kje-vi-pokaze-deka-ne-e-se-vo-vashiot-indeks-na-telesna-tezina-1

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава