Прифатете го овој предизвик и трансформирајте го вашето тело за 1 месец

Иако веројатно се загрижувате пред самиот поим склекови, треба да знаете дека тие се една од најделотворните вежби затоа што, го вклучуваат целото тело.

prifatete-go-ovoj-predizvik-i-transformirajte-go-vasheto-telo-za-1-mesec-01.jpg

Ги проширувате рамената, ги засилувате рацете, а воедно и абдоменот и нозете не остануваат неактивирани. На крајот добивате затегнат задник, бутови и листови.

Токму затоа, фрлете се на работа уште денес и секако со однапред подготвен месечен план кој ќе ви биде лесен за следење и постепено ќе стекнувате форма.

Секој ден е поделен на 3 серии кои немаат многу повторувања и помеѓу секоја серија правите по минута пауза за да ги одморите мускулите и подготвите за следната серија.

Склековите се поделени во две групи: „бенч“ склекови и обични склекови на земја. Едноставно кажано, бенч склековите ги правите на висина од половина метар, а обичните на под.

„Бенч“ склекови

prifatete-go-ovoj-predizvik-i-transformirajte-go-vasheto-telo-za-1-mesec-1.gif


Обични склекови

prifatete-go-ovoj-predizvik-i-transformirajte-go-vasheto-telo-za-1-mesec-2.gif

Принципот е ист, важно е рацете да ви се спуштени и во ширина на рамената, шаките се исправени нанапред и треба под прав агол да се спуштате надолу со лактите. Треба да ги правите оној тип на склекови кои уште се нарекуваат и машки, односно нема закривување на колената од причина што овој тип на склекови ги затегнуваат и нозете.

Секоја недела мора да имате по еден ден за одмор во кој нема да правите никакви вежби, бидејќи на вашите мускули потребен им е одмор.

Резултатите целосно ќе ги забележите по 30 дена, а сè што треба да направите е да се водите по оваа табела.

prifatete-go-ovoj-predizvik-i-transformirajte-go-vasheto-telo-za-1-mesec-3.png

Би можело да ве интересира:

4 вежби кои ќе ви помогнат брзо да се вратите во форма За овие (основни) вежби потребно е да издвоите 20-тина минути во денот, а ќе ви ...
5 лесни вежби за жени над 50 години (а може да ги прават сите) Колку често имате денови кога сте изморени и од работа едвај чекате да се вратит...
5 јога вежби за ефикасно слабеење Можеби јогата не ви е омилена, но што ако со само 5 вежби и едноставни движења м...
Вежби кои треба да ги избегнувате по 40-тата година (и зошто) Како што старееме, подвижноста на нашите зглобови се намалува, а и нашето тело н...
11 вежби за истегнување за сите вкочанети (што работат пред компјутер) Ако работите пред компјутер и голем дел од денот седите, сигурно чувствувате вко...
Едноставни вежби со кои ќе ги тонирате рацете + зошто се појавуваат масни наслаги во оваа област? Покрај вишокот килограми, масните наслаги на рацете се јавуваат и од други факто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg