Најголеми фитнес грешки кои ги правиме

Тренерите ширум светот кои секојдневно работат со различни клиенти се сложиле дека постојат неколку фитнес грешки кои луѓето , свесно или несвесно, најчесто ги прават. 

Najgolemi-fitnes-greshki-koi-gi-pravime-01.jpg

Откријте ги и трудете се да не ги правите:


Нагла промена на навиките

Строгите режими на исхрана или претерувањето со тренинзите се дел од оние наглите промени кои не се добри, посебно за вашето здравје. Вие треба да уживате во здравиот начин на живот, а не да се мачите со новите режими. Затоа сè што правите, правете го умерено: не претерувајте со строги фитнес режими и диети.


Нетрпеливост

Морате да се помирите со фактот дека слабеењето е долготраен процес. Така е и со вежбањето. Зошто да почнувате да вежбате ако размислувате кога да престанете? За еден месец може да го добиете телото од соништата, но ако не го одржувате, повторно ќе се вратите на старо. Затоа не се откажувајте, вежбајте константно.


Повторување

Многу често откако ќе ги усовршиме вежбите само ги повторуваме. Пример, трчате на трака и успевате да истрчате 3км, а секој пат кога ќе ги истрчате овие километри, вашето тело станува појако и побрзо. Морате постојано телото да го ставате на предизвик, за да станете најдобрата верзија од себе.

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава