Потрошете повеќе калории и намалете го вишокот килограми само со пешачење

Можете да си дадете малу одмор и издишка од макотрпното вежбање и здравите салати. Постои далеку поедноставен начин како можете да потрошите повеќе калории и да го намалите вишокот на килограми.

potroshete-povekje-kalorii-i-namalete-go-vishokot-kilogrami-samo-so-peshacenje-01.jpg

Едно истражување направено од Универзитетот во Охајо покажува дека промената на темпото и интензитетот на пешачењето можат да потрошат повеќе калории одошто сте замислувале.

Досегашните процени за трошењето на калории при пешачењето не ја зеле предвид дополнителната енергија која е потребна за да станете, да застанете, повторно да продолжите и да ја промените брзината. Ако се земат предвид и овие аспект на активноста, се чини дека луѓето трошат далеку повеќе калории одошто претходно сметале научниците.

За да потрошите повеќе енергија само со пешачење, обидете се да одите на начин кој ви се чини неприроден. Повремено застанувајте, па продолжете со пешачење и постојано менувајте ги брзината и темпото на движење.

Професорот Маној Шринивасан открива дека речиси 8% од енергијата која ја трошиме при нормалното дневно движење се троши благодарение на застанувањата. Промената на брзината бара повеќе работа на нозете и тој процес бара повеќе енергија од вас.

Со неприродното одење ќе потрошите дури 20% повеќе калории одошто со нормалното пешачење.

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава