5 експлозивни вежби за забрзување на метаболизмот

Најдобриот начин за забрзување на метаболизмот е со правење на експлозивни вежби кои ќе ве натераат добро да се испотите (ќе се чувствувате одлично после тоа, верувајте). Тоа подразбира интензивен кардио тренинг.

5-eksplozivni-vezhbi-za-zabrzuvanje-na-metabolizmot-001.jpg

Правете ги овие вежби за да го забрзате организмот пред празничната сезона која следува:

Направете колку што можете повеќе повторувања за 60 секунди па одморете 15 секунди и продолжете на следниот чекор. Направете го целиот круг 3 пати за вежба на целото тело за помалку од 20 минути.

1. Ставете стол од вашата десна стана и качете се на него со десната нога додека левата ја кревате во висина на колкот. Правете ја 30 секунди па потоа сменете ги страните.

5-eksplozivni-vezhbi-za-zabrzuvanje-na-metabolizmot-1


2.
 Направете голем расчекор со левата нога и допрете го подот со десната рака. Цврсто застанете на левата нога и кренете го десното колено. Правете ја 30 секунди па потоа сменете ги нозете.

5-eksplozivni-vezhbi-za-zabrzuvanje-na-metabolizmot-2


3. 
Застанете со двете нозе заедно и свиткани колена. Кренете го десното колено во висина на колкот и направете голем скок на десно, наизменично менувајте ги страните 60 секунди.

5-eksplozivni-vezhbi-za-zabrzuvanje-na-metabolizmot-3


4.
 Застанете во позиција штица со исправени раце и нозе. Направете мал скок со раздвојување на нозете и застанете исправени, тоа е едно повторување. Правете го ова 60 секунди.

5-eksplozivni-vezhbi-za-zabrzuvanje-na-metabolizmot-4


5.
 Застанете во позиција штица и пополека правете склек. Префрлете ја тежината на едната рака, а другата обидете се да ја исправите кон таванот. Со кратко спуштање свртете се на другата страна и наизменично менувајте.

5-eksplozivni-vezhbi-za-zabrzuvanje-na-metabolizmot-5

 
Погледнете го целото видео:

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава