Горд татко низ фотки ја раскажа трансформацијата на неговата сопруга по породувањето

Горд татко и сопруг решил на Reddit да ги сподели фотографиите од неверојатната трансформација на својата сопруга која за 10 месеци изгубила 29 килограми и добила мускулесто тело.

gord-maz-spodelil-fotografii-od-neverojatnata-transformacija-na-svojata-sopruga-01.jpg

44-годишниот Мет Матеј пред две години го добил своето второ дете и додека нивниот извор на радост се менувал во тој период, трансформацијата на неговата сопруга била уште поневеројатна.

Додека била бремена таа имала 88 килограми, а сега успеала да намали цели 29 килограми.

gord-maz-spodelil-fotografii-od-neverojatnata-transformacija-na-svojata-sopruga-1.jpg

„Даниела никогаш немаше мускулесто тело, тежината често и се менуваше, но овојпат успеа да има константна тежина и да изгледа здраво. Пред да остане бремена тежеше 72 килограми, потоа дојде до 88 килограми, за сега да изгледа совршено“ - објаснува гордиот сопруг.

Првите 8 месеци таа го доела малечкото девојче. Доењето не само што е здраво за бебето, туку претставува начин и за намалување на тежината на мајката.

Потоа се обидела со програмата „Weight Watchers“, но многу бргу се откажала и започнала сама да се грижи за храната која ја внесува.

„Јас и сопругот јадеме 5 до 6 пати дневно. Храната ја подготвуваме во недела. Јадеме големи количини на протеини и малку јаглехидрати, во зависност од тоа што вежбам. Подготвувањето на храната однапред е многу важна работа, бидејќи така не паѓате на искушението да се откажете од диетата“ - објаснува Даниела.

По 4 месеци од породувањето, започнала да вежба. Секое утро во 10 часот вежба час и половина со тегови и уште половина час кардио вежби.

Очигледно е тешко да се најде време за вежбање и грижа за две деца од кои едното има 4 години, а другото 2, но 36-годишната мајка ги користи дневниот центар за грижа кој го има самата теретана, а секако и помошта на својот сопруг.

„Благословена сум што имам сопруг кој ме поддржуваше во моето патешествие. Тој се грижеше за децата додека јас неколку часа секој ден ги поминував во теретана“ - објаснува Даниела.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава