Како да имате стомачни мускули за 30 секунди: Фитнес блогерка ја открива тајната

Инстаграм е преполн со селфи од фитнес трансформации, но една блогерка Џес, ја открива тајната на „совршените стомачни“ кои сигурно не се така совршени во живо.

kako-da-imate-stomacni-muskuli-za-30-sekundi-fitnes-blogerka-ja-otkriva-tajnata-001.jpg

Никој не верува дека овие две фотки се направени во рок од 30 секунди.

„На левата слика позата во која сум застаната е несмасна, го дујам стомакот колку можам повеќе, ги споив нозете за да изгледаат подебели... Плус долниот дел од бикините ги спуштив за да ми се отцртува стомакот.

На десната слика застанав исправено. Благо сум навалена наназад за да го издолжам долниот дел и да го сокријам салото од страна на стомакот. Долниот дел од бикините ги поткренав за да го сокријам стомакот.“

kako-da-imate-stomacni-muskuli-za-30-sekundi-fitnes-blogerka-ja-otkriva-tajnata-01.jpg

Џес го започнала своето фитнес патешествие во 2015-та година, од кога има драстично ослабено, но сепак сè уште напорно работи на себе и своето тело.

„Да, постигнав многу, но моето тело уште изгледа далеку од идеално. Фитнесот и здравата исхрана не треба да ги земате здраво за готово. Здравиот живот не е дестинација. Тоа е начин на живот. Ако го форсирате напредокот само се лажете себеси. Опуштете се,“ е советот кој го има 26-годишната девојка.

kako-da-imate-stomacni-muskuli-za-30-sekundi-fitnes-blogerka-ja-otkriva-tajnata-02.jpg

И за крај, не им верувајте на сите „пред“ и „потоа“ фотки.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава