Колку чекори во текот на денот треба да направите за да ослабете?

Пешачењето е есенцијална работа која може да ви помогне да ослабете или  да ја одржувате вашата телесна тежина, а и кондицијата. Пешачењето дури може да ви помогне да ослабете и без да ги менувате навиките во исхраната.

kolku-cekori-vo-tekot-na-denot-treba-da-napravite-za-da-oslabete-01.jpg

Едно истражување покажува дека жените кои во просек направиле 3.520 чекори во текот на денот (околу половина час пешачење дневно) ја намалиле својата телесна тежина за два килограми или повеќе, во текот на една година, без да ги менуваат своите навики во исхраната.

Па и штетните масти во телото им се намалиле за 12%.

Проверете како можете да ослабете само со пешачење:

1. Број на чекори по минути

1 минута = 118 чекори

10 минути = 1.180 чекори

30 минути = 3.540 чекори

60 минути = 7.080 чекори


2. Број на чекори по километри

1,6km = 2.000 чекори

4,8km = 6.000 чекори

8km = 10.000 чекори

12,9km = 16.000 чекори


3. Број на чекори при извршување на домашните обврски

Бришење на подот = 101 чекор

Всисување = 94 чекори

Работа во градина = 89 чекори

Пазарување = 67 чекори

Малите промени можат да ве натераат да направите повеќе чекори во текот на денот. Паркирајте го автомобилот подалеку од дестинацијата на која треба да пристигнете, ако имате време можете да пешачите и од вашето работно место до дома...

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава