Тренинг за мрзливи: Вежби во кои треба само да мирувате

Овие вежби за кои не мора да вложите многу напор, ќе ви помогнат да ја почувствувате леснотијата на телото и ќе ве наполнат со енергија, истовремено совршено тонирајќи ја вашата фигура.

5-vezbi-za-koi-mora-da-ostanete-mirni-01

Главниот трик е што не мора воопшто да мрдате, односно задолжително е да останете мирни.

Задржете го телото во дадената положба 15-30 секунди и повторувајте ги вежбите најмалку 4-5 пати неделно и резултатите нема да изостанат.

1. Крила на пеперутка

5-vezbi-za-koi-mora-da-ostanete-mirni-02

Легнете на грб. Со двете колена во полусвиткана положба, кренете го долниот дел од грбот потпирајќи се на ѕидот со десната нога. Ставете ја левата нога врз десната и поставете ги рацете на стомакот. Повторете со левата нога.

2. Ветерница

5-vezbi-za-koi-mora-da-ostanete-mirni-03

Ставете ги дланките на стомакот. Допрете го ѕидот со задникот за да постигнете баланс и кренете ја десната нога вертикално нагоре држејќи ја левата колку што можете подолу. Повторете со левата нога.

3. Поздравување

5-vezbi-za-koi-mora-da-ostanete-mirni-04

Кренете ги двете нозе на ѕидот, држејќи ги исправени и со прстите свртени нагоре. Кренете ги лесно само рацете и рамената од подот. Кренете ја десната рака и држете ја права, така што ќе покажува кој стапалата. Спуштете ја левата дланка на стомакот. Повторете со левата рака.

4. Ножички

5-vezbi-za-koi-mora-da-ostanete-mirni-05

Кренете ги двете нозе без да ги виткате во колената. Потпрете ја десната нога на ѕидот и повлечете ја левата нога нанапред потпирајќи ја половината со рацете. Повторете со левата нога.

5. Мост

5-vezbi-za-koi-mora-da-ostanete-mirni-06

Легнете на подот со исправени раце и дланки свртени надолу. Со врвовите на прстите треба да го допирате ѕидот. Ставете ги стапалата на ѕидот колку што можете повисоко и пренесете ја тежината на нив, тегнејќи ги мускулите и кревајќи го грбот од подот.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава