Изгледа како бодибилдерка, а ниту еден ден не влегла во теретана (фото)

31-годишната Викторија Зомолани паднала во депресија откако нејзините синови близнаци, Мејсон и Тајлер, починале 24 часа по породувањето.

izgleda-odlicno-a-nikogash-vo-zivotot-ne-vlegla-vo-teretana-01.jpg

Стекнала нездрави навики и започнала да консумира само брза храна, па многу брзо добила и вишок на килограми.

izgleda-odlicno-a-nikogash-vo-zivotot-ne-vlegla-vo-teretana-1.jpg

Но, решила работите да ги земе во свои раце и денес изгледа подобро од било кога.

Она што ја прави нејзината приказна уште поголема инспирација за другите жени е фактот што оваа учителка од Лондон никогаш не влегла во теретана.

Убаво граденото тело и формираните плочки на стомачните мускули ги изградила дома.

„Поминаа 11 години откако ги изгубив моите близнаци и тоа потполно ми го промени животот“ - така ја започнува приказната оваа учителка.

„Поради тоа брзо почнав да се дебелеам. Се вратив на работа три недели по породувањето, обидувајќи се да си ги оттргнам мислите, но паднав во депресија“ - продолжува таа.

„Тоа траеше сè до 2014-та година кога видов фотографија од себе во бикини и сфатив дека е време за промени“ - додава Зомолани.

izgleda-odlicno-a-nikogash-vo-zivotot-ne-vlegla-vo-teretana-2.jpg

Се пријавила за полумаратон и започнала интензивно да тренира секој ден дома - почнала да трча пет пати неделно, дури и тогаш кога надвор врнело.

izgleda-odlicno-a-nikogash-vo-zivotot-ne-vlegla-vo-teretana-4.jpg

Првите резултати се покажале за многу краток период.

Не можела да вежба во теретана, па дома правела чучнувања, стомачни, скокања во место, подигнување на нозете, склекови - сè само со YouTube видеа.

izgleda-odlicno-a-nikogash-vo-zivotot-ne-vlegla-vo-teretana-3.jpg

Денес вежба 4 пати неделно и изгледа подобро од било кога во животот.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава