Истражување открива: Доволни се само 10 минути вежбање дневно

Постојат толку многу изговори зошто уште во моментов наместо да го читате ова, вие би требало да сте во салата за вежбање, а „немањето време“ е едно од нив.

novo-istrazuvanje-otkriva-deka-dovolni-se-samo-10-minuti-vezbanje-dnevno-01

Но, едно ново истражување од МекМастер Универзитетот во Хамилтон, Онтарио открива дека само 10 минути вежбање со висок интензитет ги има истите бенефиции како 45 минути од нормално вежбање.

Ова 12-неделно истражување вклучувало 27 физички неактивни мажи кои биле поделени во 2 групи: спринт интервали (SIT) и континуирано вежбање со среден интензитет (MICT).

SIT групата правела 3 спринтови на велосипед во времетраење од 20 секунди, 2-минутно загревање и 3 минути одмор – вкупно 10 минути.  Додека, MICT вежбале 45 минути со умерено возење велосипед, со 2-минутно загревање и 3-минутен одмор.

Истражувачите откриле дека без разлика на драматичната разлика во времетраењето, резултатите се неверојатно слични кога станува збор за кардиолошкото здравје и инсулинот.

Многу луѓе тврдат дека главна причина за нивната физичка неактивност е дефицитот на време. Токму затоа, кратките вежби со висок интензитет и кои ги активираат скоро сите делови од телото се најефикасни.

Затоа, наместо да се терате себеси да поминувате по половина час возејќи велосипед со умерено темпо, забрзајте ги нештата и дајте си 10-минутно напорно возење.

Така, гарантирано ќе ги добиете истите резултати. А, ова е можеби најдобрата вест која сме ја слушнале досега. Вреди да се проба?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава