5-те вежби на Џен Селтер со кои и вие може да имате стегнат и подигнат задник

Џен Селтер е девојката чиј задник ги урива сите закони кои важат во логиката и физиката. Благодарени на вежбите кои се нејзино секојдневие таа може да се пофали со совршено тело и 2 милиони следбеници на Инстаграм.

5-te-vezbi-na-jen-selter-so-koi-i-vie-moze-da-imate-stegnat-i-podignat-zadnik-001.jpg

За сите оние кои би сакале да имаат затегнат и обликуван задник како нејзиниот, таа ги споделува петте најважни вежби кои ќе ви помогнат да дојдете до посакуваните резултати.

1. Клекнете на колена, така што ќе се потпирате на сите 4 екстремитети. Држејќи го коленото свиткано и стапалото во флекс позиција кренете ја нагоре десната нога и притиснете со стапалото кон таванот сè додека ногата не ја кренете повисоко од задникот. Вратете ја ногата назад но без да ја потпирате на земја. Повторете ја вежбата 15 пати па сменете ги нозете.

5-te-vezbi-na-jen-selter-so-koi-i-vie-moze-da-imate-stegnat-i-podignat-zadnik-1


2.
Наместете го телото како за претходната вежба, но сега наместо да ја кревате ногата нагоре, придвижете ја ногата странично, задржувајќи го коленото свиткано и стапалото во флекс позиција. Туркајте со ногата сè додека таа не стане паралелна со подот. Вратете ја ногата назад, но без да ја потпирате на земја. Повторете ја вежбата 15 пати па сменете ги нозете.

5-te-vezbi-na-jen-selter-so-koi-i-vie-moze-da-imate-stegnat-i-podignat-zadnik-2


3.
Поставете столче пред вас (по можност повисоко). Застанете на растојание кое е отприлика колку вашите раце и фатете се за задниот дел од потпирачот на столчето за да одржувате рамнотежа. Благо наведнете се нанапред и кренете ја десната нога директно зад вас, без да го виткате коленото. Внимавајте да не ги отворате колковите при кревањето на ногата. Кренете ја ногата најмногу што можете па бавно спуштете во првобитната положба. Повторете 10 пати па променете ја ногата. Направете две серии од оваа вежба.

5-te-vezbi-na-jen-selter-so-koi-i-vie-moze-da-imate-stegnat-i-podignat-zadnik-3


4.
Раширете го стапалата малку повеќе од ширината на рамената, така што прстите на стапалата ќе ви бидат свртени нанадвор. Исправете ги рацете пред вас и започнете со чучнувањата водејќи сметка колената да ви бидат паралелни со стапалата. Останете во позиција на чучнување и движете се нагоре-надолу. Повторете го движењето нагоре-надолу 10 пати па исправете се. Повторете ја вежбата 15 пати, направете мала пауза и повторете уште 2 серии.

5-te-vezbi-na-jen-selter-so-koi-i-vie-moze-da-imate-stegnat-i-podignat-zadnik-4


5.
Раширете го стапалата малку повеќе од ширината на рамената, така што прстите на стапалата ќе ви бидат свртени нанадвор. Исправете ги рацете пред вас и започнете со чучнувањата сè додека задникот не ви дојде под висината на колената. Внимавајте колената да ви бидат паралелни со стапалата. Потоа исправете се и кренете ја левата нога странично колку што можете повисоко. Потоа вратете ја назад и повторете ја вежбата. Направете 10 вежби па променете ја ногата. Направете 3 серии од оваа вежба.

5-te-vezbi-na-jen-selter-so-koi-i-vie-moze-da-imate-stegnat-i-podignat-zadnik-5

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаат над 50 години, а изгледаат одлично: Како ја одржуваат формата супермоделите од ’90-тите? Синди Крафорд, Наоми Кемпбел и Кејт Мос имаат над 50 години, но и понатаму изгле...
Баланс, енергија, медитација: Кои се придобивките од вежбите чи-гонг? Терминот „чи-гонг“ во буквална смисла значи култивација на животната енергија. ...
Едноставна вежба за сите кои сакаат убаво тело (а мразат да прават планк) Оваа вежба е одлична и за оние што многу седат, но и за постари лица... Оваа ...
10 (ефикасни) трикови со кои ќе се ослободите од масните наслаги на бутовите Преголемиот внес на сол прави вашето тело да го задржи вишокот вода, што пак пре...
Една вежба со која ќе ја намалите болката во ‘рбетот (и да имате подобро држење на телото) Ако ја повторувате вежбата секој ден, со текот на времето ќе почувствувате дека ...
Едноставни вежби со кои ќе ги тонирате рацете + зошто се појавуваат масни наслаги во оваа област? Покрај вишокот килограми, масните наслаги на рацете се јавуваат и од други факто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg