Три основни вежби со кои за еден месец ќе добиете стегнат и подигнат задник


Три основни вежби со кои за еден месец ќе добиете стегнат и подигнат задник

Како што се наближува летото и летните одмори сите стануваат позагрижени како ќе се појават на плажа со неколкуте килограми плус кои дебелата зимска облека совршено ги криеше.

tri-osnovni-vezbi-so-koi-za-eden-mesec-kje-dobite-oblikuvan-zadnik-001.jpg

Работите изгледаат многу побезнадежно за оние кои имаат премногу обврски во текот на денот, па никако не можат да одвојат време за посета на теретана.

Добрата вест за сите вас е дека постојат неколку основни вежби кои доколку правилно ги изведувате ќе ви помогнат да добиете задница каква што сте посакувале.

Сè што ви треба се 2 тегови и доволно силна желба да не се откажете после првиот ден вежбање.

Шемата за вежбање е развиена од страна на фитнес тренерот Анџела Ли, која укажува дека вежбите треба да ги практикувате минимум 30 дена со цел постигнување на саканите резултати.

Tri-osnovni-vezbi-so-koi-za-eden-mesec-kje-dobite-oblikuvan-zadnik-02

Бројот на секое поле го покажува бројот на повторувања кои секој ден треба да ги направите.

Вежбите се прават во интервали од 2-3 минути со пауза од 1 минута помеѓу сериите. Вежбите никогаш не треба да траат подолго од 11 минути на ден.

И не ги игнорирајте деновите за одмор, на вашите мускули им е потребно време за обнова на силата.  

1. Основна вежба

Tri-osnovni-vezbi-so-koi-za-eden-mesec-kje-dobite-oblikuvan-zadnik-01

Вежбата вклучува обични чучнувања. Раширете ги нозете во ширина на рамената, држете го грбот исправен и свиткајте ги нозете во колената при чучнување, но внимавајте колената да не бидат понапред од стапалата. Рацете држете ги исправени пред вас.

2. Вежба со тегови

Tri-osnovni-vezbi-so-koi-za-eden-mesec-kje-dobite-oblikuvan-zadnik-03

За ова вежба треба да застанете исправено, така што нозете ќе ви бидат раширени малку повеќе од ширината на рамената. Држејќи по еден тег во двете раце, започнете да изведувате чучнување така што ќе ги држите грбот и рацете исправени. Започнете го вежбањето со полесни тегови а потоа постепено зголемувајте ја нивната тежина, вежбајќи со најмногу 3-4 килограми.

3. Сложена вежба

Tri-osnovni-vezbi-so-koi-za-eden-mesec-kje-dobite-oblikuvan-zadnik-04

Застанете исправено, така што нозете ќе ви бидат раширени малку повеќе од ширината на рамената. Поставувајќи ги рацете зад главата и одржувајќи го грбот исправен, започнете со изведување на чучнувања. Не притискајте со рацете врз вратот и не ја наведнувајте главата нанапред.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вежби за рамен стомак и тенка половина кои може да ги правите без да станете од столче За да го донесете телото во одлична форма пред летото, треба да се потрудите око...
10 минутен тренинг за рамен стомак (видео) За да имате совршено рамен стомак потребно е да правите повеќе вежби кои ги акти...
Champion: Линија на спортска облека за нескротливите Champion е еден од најстарите брендови на спортска облека познат по својот квали...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg