Доказ дека сè е можно ако се сака - Јога за сите женски големини

Сите сакаме да изгледаме добро и да бидеме во топ форма, но неретко патот до целта ни го попречуваат безбројни изговори: „Уморна сум, не можам да вежбам денеска“, „Ладно ми е“, „Многу ми се спие“, „Ќе одмарам уште денес, дефинитивно започнувам од утре“, итн...

dokaz-deka-se-e-mozno-ako-se-saka-joga-za-site-zenski-golemini-002.jpg

Овие жени сериозно си го сфатиле предизвикот да се биде во одлична кондициона форма, а за своја физичка активност ја одбрале токму јогата.

Всушност, убавината на јогата, како што велат самите, е што не постои еден единствен калап, односно матрица, според која треба да се вежба. Секој си ги бира вежбите и начинот на кој ќе започне, а пријатно ќе се изненадите каде ќе ве однесе сето тоа потење.

Фотките се доказ дека јогата е совршен начин да ги тестирате можностите на своето тело и сопствената флексибилност, како и фактот дека не мора да си слаб за да вежбаш или да бидеш здрав.

Поголемиот дел од нив тврдат дека со помош на јогата подобро се запознале, се прифатиле себеси, и го засакале своето тело. Воедно, успеале да пронајдат внатрешен мир и начин на кој ќе се релаксираат и ќе го елиминираат стресот кој се акумулира во текот на денот.

Се надеваме дека ќе ви ја донесат потребната доза фитнес-инспирација за да започнете со вежбање уште денес...

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...
„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...

Најчитани неделава