15-минутен домашен тренинг за зацврстување на целото тело
Замислете си ваква ситуација - времето кое ви е потребно да стигнете до теретана, вие веќе сте го искористиле за да направите максимално ефективен тренинг.
Благодарение на овој 15-минутен тренинг кој може да го правите дома, без никакви помагала или посебна спортска опрема, ќе сфатите дека секој ден имате време за вежбање.
Важни правила пред да почнете:
1. Загрејте го телото. Направете неколку чучнувања, кружете со рамениците, размрдајте ја главата, колковите, растресете ги нозете...
2. Поставете аларм на 15 минути. Правете ги вежбите една по друга, а одморете само кога ќе почувствувате потреба. Повторете толку пати колку што можете во 15 минути.
3. Вежбајте 3 пати неделно или секој втор ден.
4. По 3 недели, продолжете го времетраењето на 20 минути.
Прва вежба - експлозивно сумо чучнување
Повторете 12 пати.
Втора вежба - тапкање
Повторете 12 пати.
Трета вежба - силата на телото
Повторете 12 пати.
Четврта вежба - склек со виткање
Повторете 12 пати.
Петта вежба - само скок во вис
Повторете 12 пати.
Шеста вежба - издржување на една рака
Повторете 3 пати со секоја страна.
Седма вежба - скок со повлекување на колениците
Повторете 12 пати.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





