Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Какви вежби ви одговараат според крвната група?

Велат дека секоја крвна група има одредени физички активности кои ѝ помагаат да одржува нормална тежина и здравје.

kakvi-vezbi-vi-odgovaraat-spored-krvnata-grupa-01.jpg

Што треба да вежбате според крвната група?

Крвна група 0

На оваа крвна група ѝ одговараат фитнес и напорни физички вежби. Имате изразена свест за своите животни цели, сакате спорт и тренирате до изнемоштеност.

Физичкиот напор ви одговара, а ако го немате, станувате потиштени и почнувате да се дебелеете.

Бидејќи важно ви е да бидете лидер, вредно вежбате и се трудите да постигнете големи резултати.

За вас, идеални вежби се оние кои се прават во група како, аеробик, степ-аеробик, вежби за обликување на телото и боречки вештини.

Крвна група А

Вас ви одговараат тимски спортови. Одлично се согласувате со колегите, умеете да го решите секое недоразбирање и не навивате само за себе, туку и за другите околу себе.

Не ви одговара да вежбате сами, а посебно сте стимулирани кога тренирате со пријателите и колегите.

Ако започнете да вежбате сами не издржувате и брзо се откажувате.

Ви одговара јога, пливање, гимнастика, брзо одење, возење велосипед, ролери и лизгање.

Крвна група B

Личностите кои припаѓаат на оваа крвна група се изразени индивидуалци.

Во спортот, како и во животот се непредвидливи и се однесуваат онака како што им одговара.

Може да се случи во пресудниот момент да оставите сè. Едноставно вие уживате во самотијата.

Вам ви одговараат спортови во кои можете да вежбате сами, но и во група. Идеално би било ако ги комбинирате и двата начина на вежбање.

На пример, во група да вежбате јога, а да џогирате сами.

Крвна група AB

Мал број на луѓе припаѓаат на оваа крвна група и сите се урамнотежени и смирени, а реакциите често им се бавни.

Им одговараат спортови кои бараат брзи рефлекси и реакции.

Сакаат да се движат и внимаваат на својата форма, а најдобро им одговараат долги прошетки.

Вежбајте на отворено, на свеж воздух.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 вежби за рамен стомак, за почетници (видео) Со само 10 минути на ден, мотивирајте се да почнете да вежбате и да стигнете до ...
5 лесни и ефикасни вежби за жени за кои не ви треба опрема (и може да ги правите секаде) Овие вежби се идеални, бидејќи може да ги правите во кое било време. За нив не в...
Како да уживате во одморот без да се вратите здебелени, според фитнес тренер Ако за ручек изедете нешто помрсно, како гиро, за вечера јадете салата и пијте м...
14 лесни вежби со кои ќе се ослободите од целулитот (видео) За овие вежби ќе ви требаат само 15 минути, а ако ги правите секојдневно, за брз...
6 вежби кои ќе ви помогнат да се ослободите од салото на грбот и колковите Замислете се во нешто тесно, кратко, секси и мотивирајте се за да вежбате редовн...
Трикови за слабеење кои звучат чудно, но се ефикасни (според експерти) Во лето, не го поминувајте цел ден под клима бидејќи високите температури го нам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg