Ново место за afterwork журка - Во сала, со латино и Зумба!

Октомври е идеален месец afterwork журките да ги преместите од омилената кафана во сала во која ечи латино и сите се движат во Зумба ритам.

novo-mesto-za-afterwork-zurka-vo-sala-so-latino-i-zumba-1.jpg

Од први октомври, секој понеделник, среда и петок, се упатуваме кон салата во Јосип Броз Тито, веднаш после работа, во 17:00 часот и добро ја трошиме насобраната негативна енергија од напорните колеги и обврски.

novo-mesto-za-afterwork-zurka-vo-sala-so-latino-i-zumba-2.jpg

Зумбата е танцова фитнес програма смислена од колумбиски танчар и кореограф, а е комбинација од танцување и аеробик вежби. Енергичната музика ви го размрдува секој мускул во телото, благодарение на спојот од самба, салса и мамбо.

Звучи како добра идеја?

Локацијата и времето ги знаете, а сите детални информации за уписите кои се во тек, ќе ги најдете на Фејсбук страната Zumba Afterwork Workout со Sanja.

Би можело да ве интересира:

„Ослабев 100kg со операција на желудникот – не очекував дека сега повеќе ќе си го мразам телото“ „Мразам како кожата ми виси на стомакот. Дури и откако ослабев, уште си го мраза...
Колку долго треба да вежбате пред да почнете да гледате резултати? Невидливите промени, како зголемено ниво на енергија, може да почнете да ги чувс...

Најчитани неделава